Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Бела соба
  • Култура
  • Интервјуа
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Улична мода Made in Italia...

Миланската модна недела е на половина. Досега се претставија бројни познати имиња и брендови, а уште толку и следат, со што возбудата не стивнува. Но, истото може да се рече и за миланското модно шоу на улиците. Блогерки и љубители од различни страни на светот се во италијанската модна метропола и со своите комбинации го привлекуваат вниманието на сите медиуми.

Она што веднаш се забележува е дека девојките речиси и да не носат шминка и уште повеќе, се почитува едно „непишано“ правило - се носат исклучиво италијански брендови. Низ Милано нема да сретнете „Баленсијага“ или комбинација од „Томи Хилфигер“. 

И после толку години модна традиција, во Италија и понатаму во врвот се „Гучи“, „Версаче“, „Долче и Габана“, „Армани“, „Прада“, брендови кои не потклекнаа пред притисоците и останаа доследни на себе и естетиката по која се препознатливи. 

Не ги забораваме ниту „Фенди“, „Миу Миу“, „Мисони“...

Италијанците, кога е модата во прашање, одлично знаат што прават - и на пистата и надвор од неа. Впрочем, уверете се и сами.

25 февруари 2017

Други галерии

Инста авантура: #Санторин...

Канскиот филмски фестивал...

Возбудлива улична мода во...

Инспиративен Париз

Во исчекување на свадбена...

Јулска улична мода во Ско...