Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Улична мода од Стокхолм: Од црни до еклектични модни комбинации

Во главниот град на Шведска неодамна се одржа модна недела, на која беа претставени колекциите за пролет 2022 година.

После Копенхаген, имавме можност да видиме уште една доза скандинавски стил.

На улиците од Стокхолм, барем од она што можевме да посведочиме преку медиумите и социјалните мрежи, доминира модна слобода. 

Широките кроеви кои на ниту еден начин не го притискаат телото, се доминантни. Од црни комбинации до еклектични, Швеѓаните покажаа дека умеат да си играат со модниот израз.

Од плетенини до есенски комбинации и апостолки, преку необични џинс комбинации и модни додатоци во боја, некој би рекол дека ова се комбинации кои никогаш не би ги облекол, но реалноста е дека во нивна интерпретација изгледаат добро.

Доколку ви е близок ваквиот моден израз, може да ви послужат и како инспирација.

Но, без оглед на тоа, погледнете ги фотографиите во галеријата и уживајте во едно поинакво улично модно шоу.

 

фото извор: stockholmfashionweek.se

6 септември 2021

Други галерии

Ким Кардашијан - жената к...

Мет гала 2019 во знакот н...

Улична мода во слободен с...

Нови пародии на познатите...

Стилските трансформации н...

Улична мода Made in Itali...