Насловна
  • Мода
  • Стил
  • Убавина
  • Здравје
  • Бела соба
  • Интервјуа
  • Култура
  • Архитектура
  • Галерии
Share Pin Tweet E-mail

Грејс Џонс - Вонземска музичка и модна икона вратена од иднината

Таа е феномен. Таа е вонземска. Бунтовник. И музичка и филмска и модна икона. Ексцентрична и ангажирана уметница која обележа една цела ера во уметноста. Грејс Џонс е олицетворение на тоа што значи авангарда во најчиста форма. Перформер, муза, своја и неповторлива. Поради сè што е таа, постои и творештвото и инспирацијата.

На сè што е обично и просечно, таа му дава натпросечна вредност. Со својата андрогена појава се прослави како супермодел, а со музичките перформанси изгради само за неа карактеристичен стил кој никој не успеа ни приближно да го повтори.

Неконвенцоналноста е нејзината комфорна зона, од каде диктира стилски правци, секогаш пред своето време. Таа е како враќање од иднината.

Денеска полни 74 години, а во поп културата важи за жива легенда која ја промени перцепцијата за женственоста, пефрормансот, сексапилот рушејќи ги стереотипите пред својата моќна појава.

Фото: Пинтерест

 

19 мај 2022

Други галерии

Како познатите го поминаа...

Канскиот филмски фестивал...

Најдобрата улична мода ов...

(Фото) Модата на забавите...

Фото: Матурска парада 201...

Златко Јовановски беше де...