Balkan Design Inc: Модна платформа за промоција на балканските дизајнери во Европа

Интервју со •
10 март 2015

Јана Тодоровска е главен иницијатор и основач на модната платформа Balkan Design Inc која функционира во Берлин, Германија, а има за цел да ги промовира младите и перспективни дизајнери од Балканот во Европа.

Иако Јана е родена во Берлин, еден од нејзините родители е по потекло од Македонија што е една од главните причини зошто Јана често е во посета на нашата земја. Освен храната за која ќе каже дека е превкусна и романтичниот Охрид, Јана се заљубила и во дизајнот на младите македонски креатори. Така се родила идејата таа да ја поддржи младата дизајнерска фела на Балканот со тоа што ќе им помогне и ќе им отвори врата кон глобалниот пазар, почнувајќи од Берлин.

„Честопати доаѓам во Скопје. Еднаш во еден бутик видов изложени парчиња од младиот Бобан Илиевски и тоа ми го привлече вниманието. Тоа се случи пред четири години, па така се роди идејата за Balkan Design Inc“, објаснова Јана во разговорот за Fashionel.

Кога се вратила во Берлин, Јана се здружила со уште две девојки кои живеат во Берлин, а потекнуваат од Балканот и благодарение на нивниот заеднички интерес-модата,  ja позиционирале Balkan Design Inc како платформа која ќе ги промовира младите дизајнери од Босна и Херцеговина, Србија и Македонија.

Основниот предуслов да се биде дел од Balkan Design Inc е оригинален дизајнерски потпис и уникатен дизајн на производите, независно дали се работи за облека или модни додатоци.

„Најзначајно е дизајнот да е ексклузивен и да го репрезентира модерниот стил на Балканот. Сите дизајнери кои се дел од нашата платформа се од Балканот и најголем дел од нив творат под своето има за свој бренд. А нашата обврска е да ги поддржиме во нивната работа“, додава Јана.

Како што ни посочува таа, најчесто дизајнерите ги лоцираат на социјалните мрежи: Facebook, Instagram, Google + или Pinterest. Прво ги контактираат, па ако остварат соработка почнуваат со нивно споделување преку истите социјални мрежи.

„Речиси на секои два или три месеци во Берлин организираме моден настан на кој колективно ги промовираме дизајнерите со кои соработуваме. Она што е дополнителен бенефит за нив, е што соработуваме со модни агенции и модни фотографи од Берлин и така нашите дизајнери ги поврзуваме во таа мрежа на професионалци од модната фела“, го објаснува Јана принципот на работа.

Apartment 34 Apartment 34

Во семејството на Balkan Design Inc веќе успешно функционираат неколку македонски дизајнери: Бобан Илиевски со Chic Undercowear, Драган Христов со Ludus, Јована Филиповиќ, Ивана Кнез со Студио „Драма“, Магдалена Димковска, Инес Ѓоргевска со Ines Jewelry, како и студиото на Маја Ангел Мишиќ од Босна, рачно изработениот накит на студиото Drama Queen од Србија, Жељка Станковиќ и други млади креативци.

Бобан Илиевски, Chic Undercowear Бобан Илиевски, Chic Undercowear

Со оглед на фактот дека Јана целиот свој живот живее во Берлин, а истовремено го искусила и животот на Балканот, таа повлече една паралела помеѓу тоа што значи модата на нашиве балкански простори, а како стилот се дефинира во Германија.

„Реално сметам дека Македонија и тамошната модна сцена се подинамични и чекор пред модата конкретно во Берлин. Нашите дизајнери се многу талентирани и со квалитетот во нивната работа тие се на интернационално ниво. Модата во Македонија станува се позначајна и во никој случај не смее да се потцени. На Балканот модата се живее и се ужива. Тоа се гледа и во стилот на луѓето. Во Германија пак, најважно е модата да е комфорна. Патики и џинс пред се’. Германците не се некои зависници од модата и трендовите“, споредува нашата соговорничка.

Јана исто така посочува дека соработуваат и со поп-ап продавници во Берлин каде повремено ги изложуваат колекциите на дизајнерите со кои соработуваат. Една таква е и винтиџ продавницата за мебел, Apartment 34, каде до сега биле изложувани дизајнерски парчиња а како што најавува Јана, планираат и во иднина да ја продолжат соработката.

Во продолжение погледнете дел од дизајнот на дизајнерите со кои соработува Balkan Design Inc.

Mail - info@balkan-design-inc.com
Instagram - Balkandesigninc
Facebook - Balkan Design INC.
Website - www.balkan-design-inc.com

 

Ines Jewelry Ines Jewelry

Јована филиповиќ Јована филиповиќ

Драган Христов, Ludus Драган Христов, Ludus

Магдалена Димковска Магдалена Димковска

 

Магдалена Димковска Магдалена Димковска

 

Маја Ангел Мишиќ Маја Ангел Мишиќ

Маја Ангел Мишиќ Маја Ангел Мишиќ

Маја Ангел Мишиќ Маја Ангел Мишиќ

Маја Ангел Мишиќ Маја Ангел Мишиќ

 

Објавено:
10 март 2015