Физиотерапевт

Центар за здравје „Gua Sha“ - Со масажа против стресот на модерното секојдневие

Интервју со
Оливера Бошкоска
30 октомври 2019

Стресот и динамиката на денешницата речиси неизбежно се одразуваат на нашето здравје. Недостатокот на физичка активност, фиксната работна позиција, неправилното седење, а и слободното време „злоупотеребено" пред техничките уреди, се неколку „модерни" фактори што го загрозуваат нашето правилно држење и здравствена состојба. Тука се наметнува прашањето: како да го решиме проблемот што е се почеста појава и кај помладите генерации? Едно од најефективните, а се попопуларни решенија, е масажата. За подетални одговори на оваа тема се обративме кај професионалци, односно разговаравме со професионалниот физиотерапевт Оливера Бошкоска, сопственичка на Центарот за масажа и здравје „Gua Sha". Нè пречека во прекрасен, смирувачки амбиент на нејзиното работно место и љубезно одговори на сите наши прашања, за кои веруваме дека интересот на јавноста е огромен.

Во динамиката на современото секојдневие, сите сме во потрага по начин како да го анулираме стресот. Масажите важат за една многу популарна и ефикасна метода. Какво е вашето искуство како центар специјализиран за масажа и здравје во однос на ова прашање?

- Да, денешниот начин на живот е самиот по себе многу стресен. Стресот е еден од најголемите причинители на сите проблеми, бидејќи тоа е состојба на организмот под која се лачат одредени материи повеќе од што е потребно и се акумулираат во одредени делови од телото. Телото е во спазам и полека почнуваат да се чувствуваат проблемите. Масажата е еден од најефективните начини да се справиме со тоа, докажано е дека 30 минутна масажа еднаш неделно може да ги реши проблемите со несоницата. Како поминува времето се повеќе луѓето ги согледуваат бенефитите од масажата и сè повеќе почнуваат да ја применуваат.

Називот „Gua Sha" звучи егзотично, но што всушност значи?

- Да,тоа е кинеска техника. Во буквален превод значи Gua- гребење и Sha- црвени линии. Се работи со едни посебни GuaSha алатки,и се третираат одредени делови од телото каде што има најголем проблем. Кинеската медицина се заснова на регулирање на Qi енергијата во телото, со оваа техника можеме и да дијагностицираме и да третираме. Додека работиме со алатките се појавуваат црвени или друга боја точки или линии на телото, и според нив можеме да процениме каков и колкав е проблемот и како да третираме.

Какви се ефектите од овој тип на масажа?
- Целта на овој вид третман е постигнување хармонична состојба во која пациентот ќе се чувствува релаксирано, без болка и опуштено. Задачата на овој третман е: отстранување на трите вида лошо ,,qi" , отстранување на циркулаторната стагнација т.е. застојот во циркулацијата, отсранување на отпадни и метаболни продукти т.е. непотребни материи во организмот, отстранување на болката, воспоставување на нормална циркулација, доток на свежа крв, доток на голема количина кислород, доток на хранливи материи потребни за мускулното ткиво, нормална функција на ткивото.

Што се опфаќа вашиот богат програм на терапии?

- Кај нас има повеќе видови на терапии. Најпрво рачна масажа која сама по себе е поразлична од другите видови на масажи. Ја комбинираме со GuaSha техника, со вакум терапија или вендузи. Исто така од неодамна работиме и една друга техника ЕММЕТТ техника со која уште подобро можеме да делуваме на телото. Покрај тераписки третмани рабоиме и само релакс масажи, антицелулитни масажи кои ги комбинираме со вакум.

Вакуум терапијата (или популарно позната како терапија со вендузи) е уште една меѓу најактуелните, а има навистина долга историја. Каков е интересот за овој тип на терапии и какви се ефектите?

- Морам да признаам дека овој вид на терапија не им е толку не познат на луѓето бидејќи порано сите имале некоја баба, тетка или слично која што ,,ставала чаши ". Во принцип на почетокот за сите видови терапии што ги нудиме луѓето се малце скептични и со резерва и мала доза на страв. Но, откако ќе пробаат и откако ќе ги осетат бенефитите веќе се редовни кај нас. Ефектите, уф многу се: зголемување на температурата на кожата и поткрепување на метаболизмот на кожните ткива, подобрување на процесот на потење и намалување на масното ткиво, исфрлање на соли и вода од организмот, ја зајакнува кожата и ја зголемува нејзината отпорност на влијанието на надворешните фактори. Потоа стимулира експанзија во крвните садови со што се зголемува протокот на крв во мускулите, го овозможува протокот на лимфа. Зголемен проток на крв во коските и зголемено излачување на синовијална течност. Се прави стимулација на органот што се третира, се подобрува перисталтиката на цревата, се стимулира излачување на течности кои помагаат во процесот на дигестија. Зголемување на крвната циркулација, покачување на нискиот крвен притисок, дури има и влијание и врз самата структура на крвта. Ги стимулира нервните завршетоци на кожата и има влијание врз ЦНС (централен нервен систем).

ЕММЕТТ техниката е една од најмодерните во физиотерапијата. Кои се нејзините карактеристики?

- Да тоа е една релативно млада техника со таканаречени чудотворни допири за ослободување на тензијата во мускулите и за третман на многу патологии. Тоа е мануелна неинвазивна метода која може да се користи самостојно или во комбинација со други видови на техники. Помага при третирање на болката, нелагодност, ограничување на движењето и намален баланс. Се работи со лесни покрети и притисок на одредени точки и места, со што се постигнува посакуваниот ефект.Точките на притисок или таканаречените EMMETT точки, се местата каде што се преклопуваат сензорните или рецепторните и моторните точки. Се дејствува на патолошки движења и рамнотежа, и со нивно елиминирање се добиваат нови форми н движења, подобра рамнотежа и слично. Со оваа техника всушност се отклучуваат мускулите и се подобрува целосната состојба. Резултатот може да биде и моментален.

Интересно за вашиот принцип на работа е тоа што третманите ги персонализирате, односно ги одредувате според потребите на вашите клиенти?

- Да, секој човек е различен и е посебна индивидуа сам за себе. Секој реагира различно на терапиите и има различен проблем. На пример иста болка кај двајца различни пациенти може да потекнува од различен проблем. Така да се трудиме да пронајдеме најсоодветно решение за секој осебно со цел да му помогнеме.

Дали работите и со специфични категории на клиенти, како на пример трудници и деца и дали постојат одредени ограничувања во нивните третмани?

-Работиме и со трудници и со деца. Да тоа се поспецифични групи на кои треба малку повеќе да се внимава. Не може да се работи сè кај нив има одредени работи што може и што не може и затоа треба да се внимава. Затоа и апелирам до сите кои масираат или работат нешто слично ако не се запознаени со проблематиката да не советуваат и да не се нафаќаат да работат. Кај децата имаме многу добри резултати, посебно кај тие што ги третираме тераписки со проблеми. Децата се најискрените корисници и тие не знаат да лажат. Среќни сме со нашите мали пациентчиња со нивните подобрувања и љубовта која ни ја возвраќаат.

Во рамките на вашот салон ќе/нудите и обуки за масажи?

- Сè уште не сме почнале во подготовка сме на материјалите и слично и средуваме бирократија. Се надевам наскоро ќе започнеме со цел да придонесеме кон тоа што повеќе луѓе да добијат права и квалитетна масажа, без при тоа да настанат компликации. Ќе се насочиме кон тоа што смее што не смее, пристапот и слично.

Периодов кој тип на третмани се најбарани во вашиот салон?

-Уф, периодов сите се укочени хаха. Најмногу работиме тераписки и комбинирани масажи на грб, како и антистрес масажи на цело тело.

Кој е тимот одговорен за успешното функционирање на „Gua Sha"?

-Тимот одговорен за успешното функционирање сум најпрво јас, Оливера медицинска сестра и физиотерапев, а позади мене имам цела екипа која се организира според мене за чување деца, разнесување на активности и слично, сакам и бескрајно да им се заблагодарам на мојот сопруг и мојата мајка и сите останати кои улетуваат хаха. Со мене во салонот работи и Стефан Гаќиновиќ, кој е млад надежен, студент за физиотерапевт. Прифаќа сè што ќе му кажам, сака да учи и да се надградува, одличен е веќе во работата и е моја достојна замена. Се надеваме понатаму дека ќе го прошириме тимот за малку да одмориме и ние.

 

Објавено:
30 октомври 2019
Прочитано:
1.200 пати