Модна икона

Дафне муза на модерното време

Интервју со
Дафне Гинис
14 јуни 2016

Дафне Гинис не е воопшто случаен лик во светот на модата. Ирски и британски моден дизајнер, колкеционер, филантроп, модел ,филмски продуцент, пејачка. Презимето има директна семејна поврзаност со пивото Гинис и да, потекнува од аристократско семејство. Татко и е барон Џонатан Гинис. Поголемиот дел од своето детство и тинејџерските години ги поминува во манастир од 18-от век во Каталонија каде први соседи и се Салвадор Дали, Ричард Хамилто, Дитер Рот. Нејзината прва работа во модниот бизнис е поврзана со Изабел Блоу, а најдобар другар и бил Александар Меквин. Има остварено соработки со Карл Лагерфилд, Нарс, Мак, Филип Трејси, а албумот и го продуцира Тони Висконти, долгогодишниот продуцент на Дејвид Боуви. Од 1994 па се до ден денешен се наоѓа на интернационалната листа на најдобро облечени.

Во интервју за „The Talks", таа зборува и за теми за кои никогаш претходно не зборувала.

Дафне Вие сакате да провоцирате ?

Не, не. Секогаш се обидувам само да ја постигнам посакуваната температура.

Еднаш Ве цитираа „Ќе јадам, кога ќе умрам". Тоа може да се сфати и поинаку...

Тоа беше сосема поинаку пренесено, патем реков дека е шега. Кога снимате, кога сте на сет, кога правите изложба немате време кога да јадете. Еден соработник ми понуди ручек и така одговорив. Немам никаква намера да бидам на некој постер за анорексија, ниту пак да гладувам во име на уметноста. Иронијата е најлоша работа која се пренесува во печатениот медиум.

Но, Вие не ги кажувате работите туку така, немате скрупули...

Секако, но претпочитам да ги носам работите онака како јас сакам, не како луѓето тоа го очекуваат од мене. На пример, луѓето во 80-тите се облекуваа според тоа каква музика слушаат. Ако сакавте панк, рок или било што друго тоа ви беше потпишано во тоа што го носевте на себе.
Нешто се случи во деведесетите, кога работите почнаа да се комерцијализираат и тоа што беше автентично се претвори во нешто хомогено. Луѓето ве оценуваат од аспект како изгледате. Јас не сакам да се стопам во толпата. Сакам да бидам средена постојано. Јас не сум стилист, не сум потполно во тој свет. Знаете како, постои систем во модата и се се врти околу пари. Но, тоа мене не ме мотивира. Се е во страста и колку уживате во тоа што го работите. Парите не се кај мене крајно средство.

Да, тоа за вас е лесно да го кажете затоа што потекнувате од богато семејство.

Точно, се родив со сребрена лажичка, но ја проголтав одамна.

Ете и покрај парите што велите дека не ви се крајна цел, мора да имате некаков став за модниот бизнис, кој на крајот од денот е луксузен бизнис.

За мене облеката е парче уметност и ги почитувам креаторите затоа што се уметници, но тоа не можете да им го одземете така? Парите за уметникот може да бидат и инхибирачки момент кога се работи за вистинска инспирација. Земете го моментот на високата мода,на пример. Страшни работи се случуваат таму.

Во кој смисол?

Смислата на високата мода е дека убавината е процес. Сите луѓе мора да го разберат тој концепт. Може слободно и да ги заборавите ревиите. Но, полека но сигурно високата мода станува регуларно шопинг искуство. Цртежот за мене отсекогаш бил чин на персонализација од аспект на креативноста. Интимноста која постоеше помеѓу клиентот и креаторот сега ја нема повеќе. Јас ја сакам вистинската креативност и бескрајната инспирација, не ви требаат пари за тоа.

Александар Меквин својата прва ревија ја создаде од најевтини материјали, но блескаа. Парите можеби и можат да ти ја разбудат уметноста, но не може да ти го купат сопствениот стил и не може да ти ја купат имагинацијата. Кога бев тинејџерка немав многу кеш и немав разбирање за парите кои ги имаше моето семејство. Морав да фантазирам, да импровизирам. Се сеќавам дека правев парчиња од износени торби и ги сечев кожените јакни кои претходно ќе ги купев од некоја добротворна продажба. И во тоа навистина уживав.

Како што велат игнорирањето е благодет.

Токму така. Мојата инспирација кога созревав беше поезијата и музиката. Секогаш се чувствував како да сум на некое друго место надвор од вистинскиот свет кој ме опкружуваше. Не мислам дека вистинскиот свет е разделен од оној нереалниот но тие се надополнуваат еден со друг. Јас сум сосема поврзана со звукот. Ги слушам работите многу длабоко и тоа ја размрдува мојата фантазија. Пеам и конечно сето тоа го ставив на мојот албум „Оптимист во црно" и никогаш не ми беше момент за да ја надополнам мојата кариера, го сторив тоа затоа што јас тоа го живеам. Го направив тоа затоа што сакав да создадам проект кој ќе ја прикаже мојата фантазија. Да не се лажеме секој сака има кариера во поп музиката. Но, јас не ја сакам комерцијализацијата на уметноста, начинот на кој модната машинерија ги создава талентите, ги пресушува, ги цеди и на крај ги фрла како отпадок, а подоцна може и да ги врати кога ќе станат потполно изморени. Концептот јас да се развивам како артист се случи после смртта на мојот брат.

Како се случи поточно целата приказна?

Отидов во Шпанија да ја однесам неговата пепел. Таму се поврзав со моите хипици пријатели од моето време. Се договоривме да одиме до Ирска во едно музичко студио каде снимивме еден кавер од песните на Боб Дилан. Отидов да се сретнам со него, но беше таков дрзок хипик што не се ни сврте да ме поздрави. Почнав да создавам песни, така почнав.

Смртта иако морбидно звучи, но има жестока улога во Вашиот креативен процес.

Тагата може да ве однесе на едно многу чудно патување. Кога ќе се случи смртта блиските околу вас престануваат да зборуваат, дури и со своите соседи. Мислам дека има голема корозија во однос на човечката поврзаност, луѓето се изолираат. Она што забораваме е дека никој не е имун на депресија, шок, неочекувана тага, бес ... Но, јас научив дека можам да извлечам и да креирам магија од тоа.

 

Објавено:
14 јуни 2016
Прочитано:
569 пати