Домашниот моден бренд Елена Лука стартува со нов проект насловен како ELENA LUKA WORLDWIDE. Во рамките на новостите кои ги подготвуваат овој период, а се однесуваат на присуство на естетиката на модната куќа надвор.
Во третата епизода, гостинка е џез музичарката Лена Ковачевиќ. Низ разговорот открива зошто Дарко Димитров е најдобриот музичар кој некогаш го сретнала, за нејзиниот однос кон модата, при што не крие дека е роб на јакни и капути.
Дел ви пренесуваме во продолжение:
Во моментов снимате нешто поинаку, нешто поблиску до поп-музиката, со етно елементи, а во соработка со нашиот музичар, Дарко Димитров...
-Дарко е најдобриот музичар што сум го сретнала, мислам дека и тој знае што мислам за него. А сум сретнала многу добри музичари и сум работела во странство со добри музичари. Но, тој некако умее да го прочита ДНК-то на музичарот со кој работи. Тоа е фантастичен квалитет за продуцент.
Се вели, „тимот кој победува не се менува“, дали е тоа случај со Вас и Дарко?
-За песната „Cafe“ Емина го работеше текстот, а Дарко музиката. Сега со Емина имаме еден дует, кој треба да излезе многу бргу. Тоа е мое гостување во рамки на нејзиниот нов проект со дуети. А Дарко ѝ е десна рака и драго ми е што сум во друштво на различни музичари.
фото: Ирина Дуплевскаја
Колку следите трендови кога е модата во прашање?
-Јас сум роб на трендови :) Поточно на капути. За мене најголем подарок се капути и јакни, бидејќи тоа никогаш немам доволно. За сите други парчиња сум за минимализам. Во последно време сакам и многу одела со машки крој. Како Ана Окса на Сан Ремо. За мене тоа е врвот на стилот за жена. Мислам дека цела пролет би можела да ја поминам во одела.
Што е она без што не излегувате од дома?
-Па , кога во Белград е врнежливо, сакам да ставам црвен кармин. Всушност, црвен кармин сакам секогаш, но посебно во зима и есен. Кога ќе ставам црвен кармин, веднаш се чувствувам поубаво. Исто така, ги сакам јас 80-тите, кога се носеа тапирани коси и многу лак за коса. Имам чувство дека тој вамп никогаш нема да излезе од мода. Дури и кога жената се чувствува лошо, го има карминот, таа натапирана коса и тој вамп ја „крева“ жената.
фото: Ирина Дуплевскаја
Целиот разговор проследете го на видеото во продолжение: