Проект „40-те се новите 20-ти

„Детето“ во мене ме прави бесмртна!

Интервју со
Надица Ѓоргиева
19 ноември 2015

Тие имаат кредибилитет да кажат да или не, без објаснување. Нивната привлечност е нивната самодоверба, сигурност во себе, во својот став кон животот. Тие го достигнале зенитот на нивната женственост и сега го уживаат секој момент и привилегија на нивната петта деценија од животот. Fashionel им се посветува на жените во нивните 40-ти години со нов циклус на интервјуа во кои наши хероини се дами кои нè инспирираат нас, што сме во 20-тите или 30-тите години.

Нашата следна гостинка и соговорник беше моделот Надица Ѓоргиева. Нè фасцинираше со својата смиреност, грациозност и професионалност. Неа времето ништо не ѝ може. На оваа наша средба уште еднаш потврди зошто ја сметаат за една од најубавите и најуспешните домашни модели.

Низ разговорот, кој што ви го пренесуваме во продолжение, Надица, без вишок зборови, ги сподели своите искуства од оваа животна декада. Умерена во зборовите, како и во движењата, таа откри дел од својата личност и живот.

Уживајте. 

Што научивте од животот досега?

- Животот сакале или не, нѐ учи на многу работи. Сега, на оваа возраст веќе немам нерви и време за губење  во опкружување со било когo. Избегнувам да се дружам со луѓе кои ме заморуваат или ме прават нервозна без причина, особено оние што  ми ја одземаат енергијата. Се трудам да бидам со луѓе кои се  опуштени, релаксирани, реализирани и исполнети, што ме мотивираат и можам да слушнам или научам нешто од нив. Животот ме научи да ги почитувам и прифаќам луѓето такви кави што се, да бидам трпелива,  ме научи дека не е се “црно и бело" или практично дека треба да учиме од различностите што постојат во светот, да учиме од другите традиции. Со други зборови, "човекот учи додека е жив ".

Што ѝ е најважно на жената во 40 – тите?

-Умереност во сè.. .балансираност и рамнотежа за постигнување на лична сатисфакција, како и прецизно дефинирање на сопствениот формат заради хармонија и задоволство!

Го чувате ли детето во Вас?

-„Детето" е тоа што ме прави да се чувствувам „бесмртно".

Кои се предностите што жените ги имаат во овие години?

-Денеска, јас во моите  години, ги уживам бенефитите од сите тие претходни децении. 40 – тите се за жена прекрасен период од повеќе аспекти. Сѐ уште сме витални и добро изгледаме и се чувствуваме, а од друга страна пак, сме многу зрели и имаме поминато доста километража и знаеме што сакаме. Спојот на тие  две работи е придобивка од досегашното искуство и е вистински благослов.

 Се чувствувате ли секси?

-Убаво е кога жената е секси и сите околу неа го забележуваат тоа, а таа самата да не е свесна за истото! Претпоставувам дека спаѓам во оваа група !

Сексот на 40 или на 20?

-На 40! Многу е интересно што и преку сексот можеш да се откриеш себеси како се менуваш и созреваш и како ти се менуваат критериумите за животот. И што е најдобро, на оваа возраст знаеш што сакаш !

Правила  во дефинирањето на Вашиот стил во овие години?

-Кај мене тоа е многу едноставно. Ги сакам чистите линии што ја следат формата на телото. Ја преферирам црната боја, секогаш надополнета со модерни детали или додатоци. Сепак стилот не е само во облеката. Стилот е начин на живеење.

Задоволни ли сте со себе денеска?

-Апсолутно. Да! Не се каам за ништо и стојам зад сѐ што сум направила. Понекогаш помислувам дека можеби би можела и многу повеќе, но „сè во свое време”!

Како се чувствувате кога денес ќе се погледнете во огледало?

-Задоволно, среќно и заљубено.

Сметате ли дека 40 – тите се новите 20 – ти?

-(се смее), тоа никогаш не може да биде....Но, добро звучи!

Стајлинг: fashionel.mk

Соработници: Fashion Group, Елена Лука, „ДомИталија“

Мakeup: Елена Лука

 

Објавено:
19 ноември 2015
object(stdClass)#512 (8) { ["nid"]=> string(5) "12466" ["ga_count"]=> string(4) "4928" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(10) "1436911200" ["ga_count_week_start_date"]=> string(10) "1690063200" ["ga_count_day_start_date"]=> string(10) "1690063200" ["fb_count"]=> string(3) "679" }
Прочитано:
4.928 пати