Моден бренд

ЕЛЕНА ЛУКА венчаници: Нова ера на раскошот

Интервју со
ЕЛЕНА ЛУКА
5 август 2022

ЕЛЕНА ЛУКА НОВА КОЛЕКЦИЈА ВЕНЧАНИЦИ

Секоја невеста заслужува луксуз...

Постпандемиската мода нѐ враќа кон рафинираната убавина. На светската дизајнерска сцена се случува модна ренесанса, изразена преку свежа визија која го слави животот. Конечно излегуваме надвор – таму каде што се случува животот, каде што се слават убавите моменти и каде што ја уживаме слободата. Време е за рестартирање, а модната сфера тоа знае да го интерпретира на најсензуален начин.

Нова венчална колекција – Нова ера на раскошот

ЕЛЕНА ЛУКА започнува нова ера на раскошот. Новата колекција венчаници за актуелната сезона е најидеалниот приказ за тоа како убавината добива вистинска вредност. Преку симболиката на венчалниот фустан, ЕЛЕНА ЛУКА ни ја носи светската мода – дома.

Гламур, луксуз, смел дизајн...

Раскошна, гламурозна, смела да биде забележана и во фокусот на вниманието – ова е модерната невеста која на себе ја носи ЕЛЕНА ЛУКА венчаницата.

Секоја венчаница е уникатна, со своја приказна која плени. Со толку голема посветеност е изведен секој детаљ, со часови поминати во рачна изработка, со избор на најпрефинетите ткаенини и тантела – за на крај резултатот да ве воодушеви, ништо помалку од перфекција.

Ќе забележите дека во оваа венчална линија е направен микс на различна естетика – и тоа е така неслучајно. Како што секоја невеста има свој дефиниран стил и изразена индивидуалност, така секоја венчаница е со свој карактер и специфичен дизајн.

Безвременската елеганција се спојува со модерните тенденции, романтиката е дефинирана преку деталите, а женственоста добива свое централно место.

Скулптуралните силуети, волумензоните здолништа, дискретниот сјај и деликатниот дизајн ја даваат онаа неопходна нота на екстравагантност која придонесува секоја невеста да се чувствува како кралица на сопствената свеченост.

„Постепено и конечно се враќаме кон секојдневието, а токму сега е сезона на семејни прослави, венчавки и свечености – значи совршен момент да ја уживаме убавината максимално. Модата секако тука има значајна улога. А венчананицата има толку голема симболика и моќ, не само како модно парче, туку како безвременски спомен, емоција и вредност, што сметам дека ексклузивна колекција венчаници е совршен избор за започнување на една нова постпандемска ера во моден контекст. И токму затоа периодов ЕЛЕНА ЛУКА беше максимално посветена на реализирањето на соништата на современите невести – креиравме вистински раскош", вели г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на модниот бренд ЕЛЕНА ЛУКА.

Г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА

Магијата е во деталите...

Деталите ја прават магијата. Ова непишано правило не е исклучок ниту кога е во прашање невестинскиот изглед. А ЕЛЕНА ЛУКА не остава ништо на случајност, па во својата ексклузивна колекција венчаници, дизајнираше и модни додатоци кои ќе ја заокружат приказната. Оваа сезона во тренд се враќа елегантниот и романтичен вел, а ЕЛЕНА ЛУКА дизајнираше фантастични модели на велови во кои се пресликува уникатната естетика на венчаницата, со што секој невестински изглед добива беспрекорен финиш.

ЕЛЕНА ЛУКА ве очекува во своите ателјеа во Скопје и Струмица – место каде сонот на секоја невеста станува реалност.

Комплетната понуда може да ја погледнете и на веб страницата на брендот www.elenaluka.com, а сите дополнителни информации може да ги добиете и на нивните профили на Инстаграм и Фејсбук.

Комплетниот избор на венчаници од новата колекција на ЕЛЕНА ЛУКА може да го погледнете и во галеријата во продолжение:

Објавено:
5 август 2022
Прочитано:
415 пати