Моден бренд

ЕЛЕНА ЛУКА: Гламур создаден да импресионира

Интервју со
ЕЛЕНА ЛУКА
6 септември 2022

Нова луксузна колекција свечени тоалети што ќе ви ја разбудат фантазијата...

Светот е жеден за повеќе убавина, а ЕЛЕНА ЛУКА му ја нуди во најсовршеното издание. Брендот постојано нѐ воодушевува со новитети, а за претстојната сезона ни понуди вистинска модна фантазија.

Со новата луксузна колекција гламурозни тоалети, ЕЛЕНА ЛУКА го збогатува женскиот плакар не само со модна перфекција, туку со идеалната доза на елеганција и екстравагантност, кои моментот го претвораат во магија, а жената во кралица.

Во стремежот на своите дами да им ја даде можноста да бираат врвен луксуз, ЕЛЕНА ЛУКА дизајнираше стилски богата колекција свечени тоалети кои не оставаат простор за рамнодушност, но оставаат моќен моден печат доловен преку безвременската препознатливост на брендот од една страна и тенденциите на новото време, од друга.

Создадени за да импресионираат и да го откријат раскошот во секоја жена.
За секој момент кој посебно ви значи...

-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА.

„Затоа што секоја жена заслужува да се чувствува посебно... Да блеска. Тоа ни беше водечката идеја во креирањето на оваа ексклузивна линија свечени тоалети чиј дизајн е навистина деликатен, луксузен и во секој сегмент гламурозен. Ќе ви ја разбуди фантазијата и ќе ве осмели да се истакнете во најдоброто издание. Кончено, на светот сега му е потребно повеќе убавина од било кога, а ЕЛЕНА ЛУКА несебично и постојано ја вложува целата своја креативна енергија и визија во тоа. Така оваа сезона навистина има на што да се гордееме. Ова е колекција која зрачи со убавина, женственост, грациозност...", вели г-ѓа Елена Пандева, сопственик и генерален менаџер на ЕЛЕНА ЛУКА.

Во дизајнот на секоја тоалета, користени се најпрефинети материјали, кои комбинирани меѓусебе и имплементирани во раскошни, елегантни или минималистички силуети, доловуваат вонсериски момент на совршенство во богата палета на бои и дезени. Идејата на секоја жена да ѝ се понуди идеалниот свечен избор кој ќе ѝ ја поттикне самодовербата и потенцира убавината, создаде лепеза на свечени фустани со различен естетски концепт: гламурозни со дискретен сјај, драматични во деликатен крој, елегантни со романтична нота и минималистички во силуета што ја потенцира женственоста.

За сите ЕЛЕНА ЛУКА кралици...

Колекцијата е достапна во ателјеата на ЕЛЕНА ЛУКА во Скопје и во Струмица или на еден клик од вас, на онлајн продавницата www.elenaluka.com.

 

Објавено:
6 септември 2022
Прочитано:
291 пати