Интервју Ана Јовковска: Индивидуалност и отпор кон конвенционалноста!

Интервју со •
17 април 2014

Нејзиниот маркантен успех на медиумската сцена бележи дваесет години континуирана работа пред камерите во различни телевизиски проекти. „Пулсирањата“ се белег што се провлекува низ нејзината кариера од најраното детство за потоа да се претворат во општествени тахикардии кои последниве седум години кулминираа во нејзината авторска емисија „Пулс“, проект што во моментов е во мирување. Презентирајќи една поинаква Тв естетика и специфичен режисерски потпис го крши класичниот новинарски израз и нуди подлабока Тв поетика.

Неразделна од својот велосипед, Ана е пример за еколошки активист и вистински борец за здрава животна средина. Неразделна од својот велосипед, Ана е пример за еколошки активист и вистински борец за здрава животна средина

Таа е новинарка, активистка и хуманистка , единствена со својата појава, со оригиналниот моден израз,  неверојатен космополит, фасцинантен ерудит, голем индивидуалист со свои животни филозофии , иницијаторка и учесничка во различни граѓански и социјални движења, екологист, борец за права на маргинализираните групи во општеството и правата на животните, авторка на текстови од областа на медумите, културните идентитети, креативните индустрии, родовите студии, љубител на седмата уметност, бескраен почитувач на театарот, модераторка на трибини и јавни собири, ко-основач на првиот Автономен културен социјален центар во Скопје како слободна зона за независна уметност и активизам, промотер на алтернативни начини и модели на дејствување за покреативно и похумано општество – или наједноставно Ана Јовковска!

Интервјуто со Ана го правевме во нејзиниот дом, кој е убава приказна од многу детали, скулптури, афрички маски, многу книги и уметнички слики. Интервјуто со Ана го правевме во нејзиниот дом, кој е убава приказна од многу детали, скулптури, афрички маски, многу книги и уметнички слики.

Годинава прославуваш 20 години телевизиска кариера. Како растеше Ана пред ТВ камерите и колку медиумскиот простор влијаеше врз градењето на твојата личност?

Кога ќе ми удрат во глава 20-те години континуирана работа пред камери си помислувам - па јас веќе сум заслужила пензија.  Понекогаш имам чувство како да бев културно-социолошки експеримент за тоа како ќе се изгради едно дете “фрлено” пред камерите цело детство, адолесценција, а потоа и во зрелите младешки години.  Се борев за автентичен печат и новинарски интегритет , градев личност и самодоверба, но за среќа не дозволив популарноста да ми го обликува карактерот. Се надевам дека ми помогна да станам широка во умот и во духот, а скромна кога треба. Не дозволив никој да ми ги исече крилјата, за да можам високо да летам, а да останам на земја.

Како ја задоволуваш твојата постојана жед за знаење и надоградба?

Не ја задоволувам до крај, останувам жедна и само така има надградба.

Медиумот како работна средина знае да биде мошне исцрпувачка, вклучува притисоци, рокови, постојани предизвици... Како го одржуваш континуитетот на психичка и физичка подготвеност?

Да, мојата професија бара креативност под притисок и во одреден рок, па ќе бидам искрена, сум имала и моменти на психичка пресушеност, како и тензија од хиперпродукција на информации и мисли во главата или хиперкомуникација со различни луќе и се разбира не секогаш можам да бидам во кретивен плус, но тогаш ги вклучувам моите ритуали за да се регенерирам. Некои од нив се љубовта, медитација под отворено небо, возењето велосипед, читање во парк, вентилот на пишување есеистички дневник и поезија, прошетка покрај вода, планина.

Есеистичкиот дневник кој Ана го пишува и еден од нејзините уникатни маркери за страници на книги. Стилот е и во ситните нешта, а не само во облеката и изгледот. Есеистичкиот дневник кој Ана го пишува и еден од нејзините уникатни маркери за страници на книги. Стилот е и во ситните нешта, а не само во облеката и изгледот

Секоја емисија, секој концепт кој го подготвуваш и секој гостин е ново и различно искуство. Колку време, работа и посветеност е потребно за да се создаде една добра емисија и како ја акумулираш енергијата и информациите кои притоа ја добиваш од соговорниците?

Емисијата не се создава само во предвидениот рок од една недела, ниту во моментот на снимањето на интервјуата или во неколкуте денови монтажа. Таа се создава во акумулираното знаење низ годините, во константното учење, во слушањето на луѓето со отворени уши, во набљудувањето на светот, во мислите на големите пистели, во своите интимни лавиринти, многу пред да започне креативниот процес на работа. Другото е само процес на продукција и постпродукција, а јас во работата вклучувам и истражување и интуиција.

Во моментов си актуелна со твојот ангажман во Автономниот културен социјален центар во Скопје. Што промовира тој центар и која е твојата улога таму?

АКСЦ промовира похумано и креативно општество, слобода на изразување, ненасилство, другарство, уметност, активизам, директна демократија, солидарност, интракултурност и сите модели на лична и општествена свест и надградба. Мојата енергија и време во центарот се на волонтерска база. Давам, без да очекувам. Има доволно други работи кои ги правам за пари, па си реков зошто да не направам нешто за луѓето од мојот град и без пари. Моите улоги во АКСЦ, како и улогите на уште 10-тина активни луѓе, почнуваат од идејата за тоа како треба да функционира и да се гради еден ваков неформален модел на здружување на слободни и свесни грагани, преку креативниот процес на осмислување на програмата и настаните, комуникација со луѓе и медиуми, па се до одржување и организирање на просторот. А богами фаќам и метла кога треба. Центарот ми овозможува секој ден да учам нешто ново, да се откривам себе си, да запознавам добри, освестени и креативни луѓе и заедно да делуваме за подобар свет.

Твоја дефиниција за мода?

Акумулирано чувство за естетика.

Фустан во етно стил и необични чевли со уникатен ориентален вез Фустан во етно стил и необични чевли со уникатен ориентален вез

Важиш за личност која негува мошне индивидуалистички моден израз. Каква порака пренесува твојот стил  и каква животна филозофија стои зад него?

Индивидуалност и отпор кон конвенционалноста!

Каде ги купуваш оригиналните парчиња облека и модни додатоци?

На различни места, само не во брендираните продавници кои зрачат со униформираност и снобизам. Имам око да препознаам уникатни производи. Некои од необичните парчиња ми се од различни арт базари во странство.

Колку следиш трендови и кои модни дизајнерски имиња кај нас и од светот ги задоволуваат твоите модни желби или стриктно се држиш до сопствената модна политика?

Не следам модни трендови, туку ги чувствувам боите и мирисите на пролетта. Слепото следење на модните трендови им помага на луѓето без идеи. Мене ми треба простор за сопствено експериментирање. Инаку, од македонската дизајнерска фела би ги издвоила Лидија Георгиева и Росица Мршиќ, а една од новите проблесоци во македонската мода ми е Оливера Штакоска, многу талентирана, а скромна креаторка која неверојатно убаво и оригинално ги склопува боите, материјалите, ориенталните везови и најситните детали.

Црвената алката од ружино дрво и е особено драга бидејќи ја носела и мајка и , а е подаракот од нејзината баба. Црвената алката од ружино дрво и е особено драга бидејќи ја носела и мајка и , а е подаракот од нејзината

Колку твојот партнер знае да вмеша прсти во твоите модни визии?

Воопшто, ниту пак јас нему некогаш му сугерирам. Низ годините сме се научиле еден со друг да не си се мешаме во индивудуалниот израз. Секој си има свој авторски печат и треба да се облекува и да изгледа онака како што во моментот се чувствува. Важен ми е и тој дел од слободата.

Ташните ги одбира секогаш да се необични. Таква е и кожната шарена ташна сликана покрај слончињата за среќа. Чантите се секогаш необични

Кој е за тебе најмоден град и зошто?

Берлин – град на различни сензации и вибрации! Од прекрасната архитектура и висока култура до најоткачена и храбра субклтурата. Прекраснa мода и “стрит арт”.

Откачена престилка за во кујна, со хумористична феминистичка порака  На шега вели дека ја носи секогаш додека готви мисли на облаците и на смислата на животот :)) Откачена престилка за во кујна, со хумористична феминистичка порака На шега вели дека ја носи секогаш додека готви мисли на облаците и на смислата на животот :)

Порака за нашите читатели!

Дишете низ својот слободен и автентичен животен стил.

Објавено:
17 април 2014