ИНТЕРВЈУ Даниел Николовски: На повеќето јавни личности им е потребна професионална помош!

Интервју со •
27 април 2013

Финалниот изглед на многу наши јавни личности, зависи токму од ова момче кое веќе неколку години соработува со пејачки, водителки, манекенки, актерки. Меѓу оние кои црвсто му веруваат се: Елена Ристеска, Дани Димитровска, Магдалена Цветковска, Маја Вукичевиќ, Симона Поповска и многу други. За тоа колку ѕвездите од македонската естрада имаат изграден стил преку кој праќаат порака до публиката, Даниел ќе ви рече дека состојбата е подобрена, но, сепак на повеќемина им е потребна професионална помош.

-Слободно можам да кажам дека подобрување постои. Но, не го исклучувам и фактот дека нашите естрадни имиња можат да вложат повеќе во градењето на имиџот и тоа само преку професионалци кои и тоа како им се потребни. Додека пак, сите оние кои што сакаат да изгледаат тренди би ги советувал најпрвин да изградат свој стил преку кој ќе ја пратат вистинската визуелана порка до своите обожаватели, изјавува младиот стилист.

Тој вели дека доколку почне да ги набројува познатите личности со кои соработувал ќе му треба многу време а освен тоа што умее да ги направи задоволни со холивудска шминка и фризура, тој знае да ги сослуша и како пријател, но и да прими сугестија од нив кога станува збор за работата.

-Со оглед на тоа дека често патуваме и се дружиме заедно, дали за спотови, реклами или било каков ангажман, знаеме и да си помуабетиме како блиски пријатели. Може да се рече дека Елена Ристеска ми е една од најблиските, а со неа можам да решам било каква дилема. Таа мојот главен советник. Разговараме буквално за се и сешто, а за џабе не е кажано дека фризерот е еден од најблиските пријатели на едена жена, раскажува  Даниел.

Незавнисно од тоа која јавна личност ја средувал, финалниот резултат на Даниел секогаш е и повеќе од одличен, а тоа го покажуваат неговите бројни ангажмани и соработки. Но, сите имаме маани и недостатоци, па кога сме кај тоа еве што вели Николовски за недостатоците на познатите македонски јавни фаци.

-Факт е дека сите имаме недостатоци, па така и јавните личности. Ако тргнам од она дека Македонците се убави луѓе, тогаш би рекол дека  нашата естрада има многу убави лица а недостатоци е нормално да постојат. Затоа сум тука јас да го надополнам она што недостига или одземам она што фали, бар колку е возможно. Оние со кои работам се појавиле во јавност со и без шминка, така да луѓето или нивните обожаватели  доволно знаат  кој како изгледа и природно, вели Николовски.

011

Истакнати усни, нежно нашминкани очи, природен тен и лепшаво средена коса со благи кадрици или сосем права, се осеветите на Даниел за сезоната што следи, додека на матурантките им порачува да не претеруваат со тешката шминка доколку ја изработат сами, да не ги нагласуваат истовремено и усните и очите, туку да изберат само еден дел од лицето на кој ќе се стави поголем акцент. Тој објаснува дека иако е матурска вечер не треба да го променат изгледот на своето лице, да останат природни со свежи бои кои нема да ги направат повозрасни одошто се. Доколу ви се допаѓа неговата работа, тогаш овие совети сигурно би ви биле добредојдени.

Објавено:
27 април 2013