актерка

Јелена Гавриловиќ: Кога ќе дојде уметник од Македонија - тој е најдобар!

Интервју со
Јелена Гаврловиќ
11 март 2021

Македонската публика ја запозна како една од учесничките на серијалот „Твоето лице звучи познато“, каде го покажа својот раскошен и глумачки, но и музички талент.

Јелена Гавриловиќ е гостинка во втораата епизода од новиот серијал Elena Luka Worldwide, во реализација на модната куќа Елена Лука.

Оваа убава русокоса, во разговорот се осврна на тоа како пандемијата влијаела на нејзиниот живот и професија, за модата, дотерувањето, искуството со Македонците....

Воедно, се спомена и нејзината впечатлива улога во актуелната серија „Истине и лажи“.

фото: приватна архива

Во споменатата серија ја глумите Татјана, студена и осветољубива жена, која изгледа како соема ваша спротивност...

-Па тешко е и различно е да се биде во „кожа“ на таква жена. Висока сум, слаба, имам специфично остро лице и на прв поглед изгледам многу поинаку од тоа каква сум јас како личност. Уште кога се запишав на Академија, го работевме Шекспир и јас ја добив улогата на лејди Магбет. Бев очајна бидејќи не сум Јулија, а  мојот професор ми рече: „Јелена, вие никогаш нема да бидете Јулија. Висока сте 180 см, изгледате како што изгледате, бидете реални, никогаш нема да бидете ниту Јулија, ниту Офелија“. И навистина, сите овие години низ мојата кариера никогаш немав таква улога. 

фото: приватна архива

Но, затоа сте биле Елса?

-Да, бев. Секогаш добивам улоги што се на граница да биде зол, но Елса не е. Таа не е лоша, таа само несигурна и  влече трауми од детството. Секое зло потекнува од некој комплекс и некоја несигурност. А Елса е мојот најголем професионален успех.

Во едно интервју ќе речете дека на Академијата за уметности воопшто не било комплимент да ѝ се каже на жената дека е убава. Зошто?

-Затоа што, кога ќе запишеш Академија, се' што сакаш е некој да те пофали за твојата работа. А мене професорката ми рече: „Леле Јелена, многу сте убава“ и тоа беше комплетниот коментар на вежбата која ја подготвував месец дена. На крајот, сфатив дека тоа што ми го кажа и имаше смисла, бидејќи претпоставила дека низ кариерата подоцна, ќе добивам коментари од тој тип. Себеси никогаш не се доживував како убавица, знаев дека сум харизматична. За мене некои од најубавите луѓе се оние за кои други никогаш не би рекле дека се убави, но имаат нешто во себе. Луѓето те гледаат со поинаку, сакаат да те слушнат што ќе речеш, но со предрасуди. Секогаш велам дека уметноста нема сопственик, не постојат луѓе кои одредуваат што е уметност а што не. Сфатив дека ако го најдам своето место под сонцето, тоа ќе биде токму поради тоа што сум таква каква што сум.

фото: Немања Мисчевиќ

Сте биле повеќепати во Македонија, можете ли да направите спореба на нашата сцена со српската?

-Ќе бидам сосема искрена, кога ќе дојде уметник од Македонија, тој е грандиозен. Вие имате неколку режисери кои се вонсериски. Ние секогаш си велиме дека тие 7/8 што доаѓаат од Македонија немаат конкуренција. Македонците се многу талентиран народ, пред се' музички. Мислам дека има нешто во тој менталитет, што е многу поинакво отколку кај нас. Велам, кога ќе дојде пејач, режисер, актер од Македонија, тој навистина е најдобар!

Што Ви е прва асоцијација на Македонија?

-Сите знаеме дека тоа е Тоше Проески. Таму каде што е сега, се надевам дека сфаќа... можеби не успеа да доживее да сфати во колкава ѕвезда ќе порасне. Но, ете...

фото: Данило Павловиќ

Целиот разговор проследете го на видеото во продолжение:

 

Објавено:
11 март 2021
Прочитано:
222 пати