Логона и Санте: Природна козметика за сите генерации!

Интервју со •
23 декември 2014

Компанијата „LOGOCOS Naturkosmetik AG“, која е сопственик на брендот Логона и Санте, како пионер на природната козметика, на македонскиот пазар постои повеќе од 35 години и секојдневно продолжува да ги изненадува своите клиенти. Нивното постојано истражување, развојот и унапредувањето, создаде голем број на исклучиво природни козметички производи, обожувани од целото семејство. Токму со тие производи, компанијата ја изразува длабоката почит што ја има кон природата, љубовта кон животот, кон општествената одговорност...Сите производи на компанијата се развиени и произведени во Германија во согласност со строгите критериуми за квалитет. Тимот на Логона во производството на козметиката секогаш се служи со природни состојки како растителни масла, масти и восоци, екстракти од растенија, флорални води и етерични масла. Она што е особено интересно за Логона се екстрактите со исклучителен квалитет што компанијата сама ги развива и кои ја формираат душата на природната козметика. Токму за срцевината на природната козметика Логона и Санте и за сите неверојатни производи од нивната палета, ексклузивно за Fashionel, говори нивното заштитно лице, секогаш прекрасната Ирена Спировска.

- Како дојде до соработката со брендовите Логона и Санте природна и органска козметика?

Убавината е дар што треба да се негува! Здравата и убава кожа е резултат на континуирана грижа и нега на секоја жена. Отсекогаш сум инсистирала козметиката која ја употребувам да биде квалитетна и природна.Трагајќи по препаративна козметика што ќе ги задоволи моите потреби ја открив ЛОГОНА пред неколку години.Користејќи ја исклучиво само оваа козметика, дојдов во контакт со менаџерскиот тим, генералните застапници за Македонија. Сето ова резултираше со предлог за соработка што го прифатив со воодушевување затоа што оваа козметика е козметика која ја сакам и користам, и во потполност ги задоволува сите мои потреби и критериуми.

-Би можеле ли накратко да ја дефинирате природно органската козметика и кои се нејзините предности?

Бидејќи нашата кожа е одговорна за целиот организам, многу е важно да се поттикне нејзиниот природен начин на функционирање, а не дополнително да се оптовари со одредени хемиски и вештачки супстанци. Природната и органската козметика го следат биолошкиот ритам на нашата кожа и ги поттикнуваат нејзините самокорективни функции. Природната и органскатата козметика не создаваат зависност на кожата и не доведуваат до појави на намалување на ефектот како кај одделни синтетички козметички производи поради развивање на природна резистентност на кожата на хемиски состојки. Природната козметика не содржи хемиски и синтетички конзерванси (парабени, формалдехиди...), емулгатори, мириси и бои, силикон, парафин... Се користат најчесто рачно подготвени екстракти на лековити растенија, растителни и етерични масла, природни восоци, вода, алкохол (природен)... Природната и органска козметика не се тестира на животни и амбалажата мора да биде еколошки прифатлива. Со тоа покрај грижата за сопственото здравје и убавина, со користење на Логона и Санте препаратите имам одговорност и заштита кон нашата животна средина и нашите миленици – животните.

-Во последниве години може да се каже дека природната козметика стана тренд. Како вие можете да препознаете дали производите се направени од природни состојки или само се користи декларативно зборот „природно“?

Да, вистина е, јас сѐ почесто се среќавам со препорака за козметички линии со природен состав, на природна база, природни, био и слично. Јас се научив да го читам составот на производите, посебно штетните хемиски супстанци и тоа е најважно за квалитетот на производите. Истото го препорачувам и на останатите потенцијални корисници на природна и органска козметика, при што и дополнително да ги следат сертификатите за потврда на квалитет. Вистинската природна и органска козметика мора да задоволи одредени стандарди. Секој производител кој ги исполнува тие стандарди, со задоволство ќе ги истакне на производот сертификатите од реномираните меѓународни институции. Сите Логона и Санте производи се сертифицирани и на амбалажата може да се забележат ознаките.

- Што  користите Вие од производите на Логона и Санте?

Почнав со користење на серумот Логона од линијата за заштита од стареење по препорака на моја блиска пријателка. Бев презадоволна од производот и така почнав да ги користам останатите производи од истата серија: дневна и ноќна крема, пената за чистење, ампулите за инстант ефект, антирид, енергетскиот шампон против опаѓање , медитеран линијата за нега на тело и ..... буквално од глава до пети се негувам со овие производи, притоа без да ме загрижува дали нешто штетно аплицирам на мојата кожа. Секако, и мојата ќерка која е веќе тинејџерка ја користи козметиката на Санте. Треба да се делува на свеста на младите за тоа колку е важно да се користи природна козметика за да се заштитат од многубројните козметички производи полни со состојки кои се штетни по здравјето. Во период од 36 години, Логона понуди постојана природна органска козметика со врвен квалитет. Широкиот спектар на производи ги исполнуваат строгите критериуми за контролирана природна козметика, без синтетички бои, ароми и конзерванси, сите развиени и произведени во Германија без тестирање на животни. Дали за лице, тело или коса, за бебиња, деца или возрасни, нормална или многу чувствителна кожа: Логона козметиката нуди 100% природа, љубов и почит за сите.

-Што би им препорачале на нашите читатели кога е во прашање негата на нивната кожа – лице и тело?

Моја препорака е секогаш да одбираат производи што не се штетни за нивното здравје и здравјето на нивните деца. Убавината да не биде цена на штетните дејствија од хемиските и хормонски состојки од комерцијалните козметички производи. Повторно ќе напоменам да го читаат составот, да се консултираат и кога ќе бидат во можност да одбираат производи од природно и органско потекло. Топло ги препорачувам производите од широката палета на Логона и Санте, што се дерматолошки испитани и со врвен докажан квалитет.

Објавено:
23 декември 2014