Михано Момоса: Од секоја жена сакам да направам принцеза во нејзината сопствена бајка!

Интервју со •
3 април 2015

Веројатно досега сте имале можност да погледнете барем едно негово парче во кое е многу мала веројатноста да не сте се заљубиле на прв поглед! Михано Момоса е српски бренд што за многу кратко време ги освои симпатиите на девојките ширум Балканот кои едноставно се маѓепсани од неговите модели. Иако на модната сцена постои релативно кратко време, зад себе веќе има неколку колекции со совршени парчиња кои секогаш се вистинско олицетворение на најубавите бајки и фантазии. Ние имавме огромна чест и ретка можност да направиме ексклузивно интервју со младиот и талентиран основач на брендот Михаило Анушиќ кој само за нашите читатели ги сподели неговите приказни за почетоците, но и за неговиот бренд и идните планови. Талентираниот Михаило речиси секогаш се инспирира од бајките, од фантазијата, од љубовта...работи за кои ќе каже дека се магично отсликани во неговите креации. Доколку сѐ уште не сте имале можност да се запознаете со работата на исклучителниот Михаило и неговиот бренд, овој тмурен петок е совршениот ден за тоа!

Уживајте!

-Го гледате ли светот низ розови очила?

По потреба. Еден дел од реалноста е таков каков што е и на него не можете да му се спротиставите, реалноста всушност е таква каква што е и не треба да се лажете себеси. Но, има еден дел од светот што се обидов да го направам малку поромантичен и може да се каже дека тогаш ставив розови очила како што велите вие.

-Како започна приказната за брендот и зошто токму „Михано Момоса“?

Уште како мал бев многу заинтересиран за модата. По неколку години искуство во модниот свет, одлучив да направам свој бренд. Инаку, Михано Момоса е комбинација од почетните букви на имињата на некои од најважните личности во мојот живот.

-Со каква визија и мисија го формиравте „Михано Момоса“?

Официјално, не формирав некоја конкретна визија и мисија. Но, би можело да се каже дека визијата ми е светот да биде подобро место за живот, а мисијата ми е од секоја жена да направам принцеза во нејзина сопствена бајка.

-Каков е патот до успехот? Со оглед на тоа што сте млад и успешен дизајнер, каков совет би им дале на помладите колеги?

Во мојот случај сѐ се случуваше релативно лесно, мислам дека тоа е така затоа што останав верен на себе и тоа е генерално совет за секој, без разлика на тоа со каква работа се занимава.

-Што значи да се биде дизајнер во Србија/на Балканот?

За мене тоа е најубавата работа што постои, па со самото тоа не ми претставува проблем што работам на Балканот, бидејќи успеав да го најдам патот до луѓето кои го делат моето чувство за убави нешта и имаат сличен сензибилитет со мојот.

Love-MIHANO-MOMOSA-9

-Какво е Вашето мислење за балканската модна сцена во моментов? Сте имале ли можност да се запознаете со работата на некои од македонските дизајнери?

Ми се чини дека овие наши простори изобилуваат со таленти од сите сфери, па така и од модниот дизајн. Жените од овие простори се префинети и сакаат да водат сметка за начинот на кој се претставуваат во јавноста. Засега, сѐ уште сум го немал тоа задоволство да запознаам некои од македонските дизајнери.

Love-MIHANO-MOMOSA-11

-Од сите имиња со кои сте соработувале, која соработка ви била најголема привилегија и предизвик?

Не можам да издвојам никој посебно. Оние кои се професионалци се секогаш лесни за соработка и максимално се посветени на она што го работат. За мене е привилегија да работам и со обични жени и на секоја секогаш и се посветувам на ист начин и го вложувам максимумот од себе.

Rare-MIHANO-MOMOSA-11

-Потребно ли е во Вашата работа да имате „бујна фантазија“?

За мене, мојата фантазија е мојот клуч на создавањето убави нешта. Целата моја работа се врти околу светот на бајките и фантазијата како таква, секогаш и претходи на мојата работа.

Olivera-MIHANO-MOMOSA-2

-За многу краток период, девојките на Балканот сериозно се заљубија во Вашите креации. Планирате ли наскоро да го проширите брендот?

Кога се говори за проширување на брендот, треба да се земат во предвид многу повеќе работи од самата популарност. Засега сакам квалитетно да работам на овие простори и немам некои големи планови, одам чекор по чекор и растам заедно со мојот бренд.

Наташа Беквалац во креација на Михано Момоса Наташа Беквалац во креација на Михано Момоса

-Што е за Вас елеганција?

За секого елеганцијата има поинакво значење, за мене тоа е хармонија помеѓу нашето внатрешно и надворешното, облекување на таков начин што секогаш самата личност ќе дојде до израз.

-Некако ги научивте девојките од Вас секогаш да очекуваат пастелни бајки, па можеме ли да очекуваме некоја поинаква колекција од Михано Момоса?

За сега не.

Rare-MIHANO-MOMOSA-111

-На што работите во моментов и што е следно кога е Вашиот бренд во прашање?

Во моментов, сѐ уште е актуелна пред – есенската колекција за 2015, а полека почнувам да размислувам и за следната колекција.

I-Give-You-My-Spring-5

-Која е Вашата омилена бајка од детството?

Петар Пан.

Love-MIHANO-MOMOSA-11

-Можеме ли во иднина да очекуваме Ваша ревија во рамки на некоја светска модна недела?

Како што кажав, има многу фактори од кои зависи тоа. Во блиска иднина, немам такви планови.

give-spring

Објавено:
3 април 2015