Специјалист за Дигитален Маркетинг

Од новинарски клупи до црвен килим во Торонто: Рецептот за успех е многу самодоверба и малку его

Интервју со
Јордан Колевски
16 септември 2022

По две години пауза, Меѓународниот филмски фестивал во Торонто (TIFF22), кој важи за еден од најзначајните јавни филмски фестивали во светот, се враќа во најголемиот град на Канада со полна пареа и бројни светски филмски премиери.

Од 8 септември па сè до 18 септември, 46-тото издание на TIFF22, на вљубениците во филмската уметност им нуди неповторлива 10-дневна можност да погледнат дел од исклучителната меѓународна и канадска кинематографија преку внимателен избор од 200 филмови во официјалната селекција, неспоредливи настани со славни гости од индустријата и конференции.

Отворајќи се со премиера на британскиот филм „The Swimmers" на Сели Ел Хосани, овогодинешниот TIFF22 ја продолжува својата репутација како лидер во индустријата и центар за прикажување на најнаградуваните филмови од целиот свет, притоа доближувајќи ги најголемите филмски и музички имиња до канадската публика преку јавни настапи, интервјуа и панели.

И секако, никој филмски фестивал не би бил целосен без доза гламур на црвениот килим по кој чекорат најмаркантните имиња од филмската, музичката и шоу-биз индустријата. Тоа секако подразбира беспрекорна организација и врвна дисциплина, без никаков простор за грешка и импровизација, како вистински одраз на самата култура на канадската нација.

Но постои еден особено интересен и возбудлив податок за овогодинешниот тим задолжен за надгледување на протоколот за црвениот килим и Зелената соба на TIFF22.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIFF (@tiff_net)

Дел од оваа неверојатно сериозна и важна улога му припадна на Јордан Колевски, дипломиран новинар и магистер по Човечки ресурси од Македонија кој моментално е на специјализација по Дигитален маркетинг во Торонто. Имавме чест да поразговараме со него и да дознаеме повеќе за неговото искуство од прва рака.

Што значи да се биде дел од организацијата на протоколот за црвениот килим и Зелената соба на TIFF?

Какво е чувството да се биде на чекор до ѕвездите на црвениот килим и да се искуси таа еуфорија во прво лице?

„Буквално сите големи ѕвезди од индустријата присуствуваа на овој фестивал", открива Јордан со возбуда која е невозможно да се сокрие. „Многу еуфорија и возбуда се чувствуваше секој ден, сите околни улици беа блокирани. Беа поставени различни штандови со храна, TikTok корнери, Instagram корнер за фотографирање, штандови од спонзорите како и Pop-up store од самиот фестивал. Јас бев стациониран во собата за Црвениот килим, каде што сите ѕвезди кои поминуваа можев да ги видам во присуство на VIP личности, спонзори итн", додава Јордан, потенцирајќи дека фестивалот се оддржува на повеќе локации во градот, не многу оддалечени една од друга, а тој ја доби значајната улога да биде еден од супервизорите на Red carpet suite во Roy Thomson салата.

„Во Roy Thomson салата на црвениот килим се појавија многу познати имиња, но највозбудливиот момент е кога на чекор од мене беа Николас Кејџ, Опра Винфри, Тејлор Пери, Виола Дејвис, Ана Кендрик, Кејт Бекинсејл, Зак Ефрон и Хју Џекмен. Можам да кажам за сите ѕвезди дека беа премногу приземни, љубезни, насмеано ги поздравув аа сите и никој од нив не ја посети Зелената соба да се напие нешто, туку директно породолжуваа на сцената каде што се прикажуваше премиерата на нивните филмови", открива Јордан, зборувајќи за незаборавните моменти за време на целиот процес.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIFF (@tiff_net)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIFF (@tiff_net)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Oprah (@oprah)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIFF (@tiff_net)

„Огромните фанови на Хари Стајлс, иако не беше потврдено неговото присуство на фестивалот, беа стационирани во фан зоната на црвениот килим од 22 часот ноќта до следниот ден до 18 часот кога се прикажуваше филмот. Многу еуфорија и адреналин од фан зоните на црвениот килим", се присетува Јордан.

Колевски не заборава да напомене дека за време на работата на TIFF имал и огромна помош од уште еден супервизор, Џој МекКеон. „Прекрасна девојка која има искуство со фестивалот, која безрезервно ми ги пренесе сите познавања, ме запозна со многу членови од различни тимови и заеднo уживавме во авантурата наречена TIFF. Десет дена живеевме заедно со фестивалот и огромните тимови. Уживав во прекрасните приказни за изминатите филмски фестивали", вели Јордан изразувајќи ја огромната благодарност кон својата колешка.

Врвна организација и дисциплина

Покрај видната возбуда околу самиот настан, Јордан не го крие и своето воодушевување од самата организација и обуката која претходела, потенцирајќи дека во текот на целиот процес не се соочил со никаква непријатност.

„Сите беа позитивно возбудени и го даваа својот максимум за сè да биде речиси совршено. Пред самиот фестивал имавме неколку обуки за тоа како треба да се однесуваме со познатите личности, кои се нашите должности, кој сè е вклучен во тимот итн.", вели Јордан и додава „Презадоволен сум со целата орагнизација и научив многу за овие 10тина дена изминати на фестивалот. Искрено немав многу очекувања бидејќи сето ова беше ново за мене, едноставно се впуштив во процесот и се трудев максимално да уживам во истиот заедно со тимот и волонтерите...", додава тој, потенцирајќи колку строго внимание било посветено на обезбедување максимална сигурност и безбедност на ѕвездите.

Споредбено со начинот на кој се организираат настани од ваков или сличен тип во Македонија, Јордан открива дека овој настан за него претставува една голема лекција.

„Тоа што научив е дека не постои простор за импровизација, сè се предвидува многу однапред. Постојат огромни тимови кои се прикчлучени во процесот, одлично распределни, секој на различна функција на извршување. Многу придобивки имаше фестивалот од волонтерите кои се секоја година присутни во голем број. Само за Red carpet салата имаше по минимум 4 волонтери кои се ротираа на секоја проекција. Истите немаа финансиски надоместок, но нивната љубов и желба да бидат дел од самиот фестивал беше огромна", притоа Јордан се присетува на еден убав момент кога на еден волонтер и долгогодишен фан на фестивалот му ја исполнил желбата да стапне на црвениот килим.

Јордан нагласува дека TIFF имал огромна поддршка од најголемите компании во вид на спозорство, промовирање на настанот како и директно вклучување со интерактивни штандови и барови за сите посетители внатре во салата, но и надвор од неа.

„Ги охрабрувам и македонските големи компании да го следат примерот и да помагаат во културните настани кои се организараат кај нас, затоа што знам дека помошта е повеќе од добредојдена", вели тој.

Пропишаниот дрескод и модните блесоци на црвениот килим

Во однос на пропишаниот дрескод за фестивалот, како и модните блесоци на црвениот килим, важноста на модата и работата на стилистите на настани од овој тип, Јордан открива дека организаторите носеле црни костими и обувки, притоа комплетно запазувајќи ги сите протоколи за заштита од Ковид.

„Во однос на црвениот килим и модата која што ја презентираа ѕвездите искрено очекував повеќе, сепак црвениот килим тоа го дозволува.", признава Јордан, „Не можам да кажам дека беа лошо облечени, напротив сите беа елегатни, го испочитуваа црвениот килим, видовме многу од изгледите во различни бои, без дезени. Едноставност и класа, но без одреден гламур и фама кои се очекуваат. Многу е важна модата, бидејќи имаше репортери од целиот свет, обожаватели кои ги очекуваа своите омилени ѕвезди. Сите од славните личности во backstage имаа тимови кои беа подготвени веднаш да помогнат со шминката, фризурата и костимите."

Јордан верува дека една од причините за доминантните минимализам, елеганција и лежерност, наспроти бласкавиот гламур на кој сме навикнати да го гледаме на црвените килими, е намерата на фестивалот да се претстави на начин кој ќе кореспондира со самата култура и скромност на канадскиот народ.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by TIFF (@tiff_net)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by The Bay (@hudsonsbay)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by mayu (@loveyou_zac)

Како сонот станува реалност?

Искуство од овој тип за многумина е нереализиран сон, но Јордан Колевски знае како да го изгради патот кон своите соништа уште од студентските денови па наваму. Секој чекор кон остварување на своите цели, за него е нова лекција и поттик за одење понатаму, вклучувајќи ги и непријатните моменти кои се неоткинлив дел од секој пат кон успехот во кариерата.

Но, кој всушност е Јордан Колевски и како изгледа неговиот пат од новинарските клупи на Правниот Факултет „Јустинијан Први" до црвениот килим на TIFF?

„Желбата за медиумите и пишаниот збор беше најголем предзвик за мене да се запишам на Студиите по новинарство. Преубави 3 години изминати на катедрата каде што научив многу работи, се стекнав со пракса за да осознаам дека сепак професирајта новинар не е тоа што ме исполнува во потполност.", зборува Јордан присетувајќи се на студентските денови. „Во меѓувреме аплицирав за различни работни позиции и почнав со работа во супермаркет како маркетинг асистент. Искрено немав работно искуство, но имав огромна желба и многу идеи за маркетинг кампањи. Потоа запишав постдипломски студии по Менаџмент на човечки ресури. Брзо напредував во компанијата каде што се вработив и која веруваше во мене, моите идеи и реализации. Со задоволство можам да кажам дека за време на мојата работа таму реализиравме над 100 различни маркетинг кампањи и прокети. Потоа кратко се обидов да навлезам во автомобилскиот маркетинг, за да дојдам до позицијата каде што тотално се рализирав, а тоа е маркетинг менаџер во една модна компанија во Македонија. Горд сум на секој проект кој што го реализиравме заедно со тимот, а ги има многу во изиминатите три години", открива Јордан.

Откривајќи го својот потенцијал и желба за постигнување поголем успех, Јордан решава да ја напушти родната земја и да инвестира во своето професионално надоградување. Во моментов, тој е на едногодишна специјализација по Дигитален маркетинг во Торонто, а во рок од само 5 месеци од неговото пристигнување во Канада, тој успева да дојде до позиција на супервизор на црвен килим на еден од најзначајните интернационални филмски фестивали во светот.

 

„Постојано се трудам да се надоградувам како професионално, така и приватно, па така ја донесов и одлуката за лична промена и огромен животен предизвик токму да дојдам во Торонто, Канада. Процесот искрено не беше многу долг и комплициран бидејќи имав ментор од самиот универзитет кој ме водеше низ целиот процес. Интересен факт е тоа да споменам дека откако аплицирав за визата, истата ми беше одобрена за само 4 дена. Си реков „тоа е тоа зошто навистина ги препознавам знаците што ни ги покажува животот." И еве ме тука веќе 5 месеци, уживам во секој ден, уживам во големината на градот, новите пријателства, нивната култура, организираност и љубезност. Искрено, кога ќе донесеш некоја одлука или имаш визија каде се гледаш во иднината не е ништо тешко, само ја следиш својата визија и чекориш храбро", заклучува Јордан.

Канада е земја на можности

Во текот на разговорот, Јордан неколкупати посочува дека се чувствува неверојатно благодарен што ја има можноста да се надоградува во Канада и можностите кои развиеното и напредно општество ги нуди на својот народ, како и на секој дојденец со визија и искрена желба за раст.

„Навистина во земја како што е Канада, сè е возможно. Постојано ги следам случувањата во Торонто и сакам колку што можам да бидам дел од истите. Бидејќи моментлано сум студент, имам повеќе време за истражување, дружење и стекнување контакти. Едноставно следев сè, аплицирав и ете ме како еден од супервизорите на Red carpet suite во Roy Thomson салата. Сè се случи многу брзо", вели Јордан, ставајќи го акцентот на тоа дека рецептот за успех во Канада е „Многу самодоверба и најмалку его".

Во разговорот за самите студии, тој не се воздржува да ја покаже својата голема возбуда и чувство на задоволство.

„Секојдневно имам предавања, проекти и полагање на испити од областа. Навистина уживам во студиите, во начинот на размислување на интернационалните студенти и на сето она што го изчувам", открива Јордан.„ Сфатив дека светот на маркетингот, бренд менаџментот и модата се местото каде најмногу се пронаоѓам веднаш кога започнав да работам. Чувството на креирање, реализација и финален производ/проект најмногу ме исполнуваше, ми помагаше постојано да се усовршувам, да размислувам поинаку и да бидам пресреќен со тоа што го работам. Секогаш го давам максимумот во секој проект, кампања при моето работење. Секогаш сакав да оставам свој печат при секој проект и работев навистина напорно за да стигнам до таму каде што сум денес со повеќе од 9 години работно искуство во маркетингот", додава тој, откривајќи дека во текот на изминатите неколку години преку неговата работа запознал многу важни имиња од кои начил многу и е горд што со некои од нив сè уште е во постојан контакт.

Лекции од животна важност

Се чини дека престојот во Канада е лекција од животна важност за Јордан. Како дел од предностите кои тој секојдневно ги согледува таму се културните навики на Канаѓаните.

„Да почнеме со тоа дека секој е љубезен и насмеан, секој те поздравува и ти посакува убав ден, вечер...Постојат одредени стереотипи за канадскиот народ кои би сакал да ги срушам. Пред да дојдам, многумина ми предупредуваа дека „тука е студено и луѓето се здодевни и студени". Не, напротив, ова е едно големо мултикултурно општество кое ги почитува сите поеднакво без разлика на тоа од каде си, на кој јазик зборуваш, итн. Колку побрзо се адаптираш во општеството, толку побрзо ќе те прифати и навистина ќе те цени", вели Јордан, и додава „Тука станав многу поорганизран и започнав да ги предвидувам нештата многу порано, бидејќи тука нема „5 до 12" фукнционирање како кај нас. Секој си го цени своето време и не го интересира тоа што ти не си предвидел нешто или не си го испланирал навремно."

Неговото досегашно искуство го инспирира да испрати порака кон македонските маркетери и бренд менаџери.

„Мој предлог до нив е постојано да ги следат светските трендови и да ги прилагодуваат согласно пазарат и да не заборават дека постојано треба да се усовршуваат и надградуваат доколку сакаат да го одржат креативниот и професионален дух", вели тој.

Моментално, Јордан е фокусиран на својата специјализација по Дигитален маркетинг и на проектите кои ги изработува заедно со колегите од школото.

„Дојдов со одредена цел и визија и моментално работам на неа. Подговтувам нешто и свое, нешто што одамна го имав замислено, но не беше соодветно за реализација. Дефинитно до крај на годинава ќе ги запознаам сите со она што го подготвувам подолг период од како сум во Торонто", открива Јордан.

Објавено:
16 септември 2022
Прочитано:
1.369 пати