новинар и радио водител

Потребно ни е будење

Интервју со
Ана Шутиноска
7 октомври 2015

Во циклусот интервјуа поврзани со работите што би го смениле светот, одлучивме да поразговараме и со Ана Шутиноска. На нашата средба, оваа млада новинарка и радио водителка се појави насмеана, непосредна, едноставна и практична, каква што вели е и инаку во животот, истакнувајќи ја својата природна убавина.

А слична е и во изразот. Концизна и јасна и точно знае што сака. Во продолжение прочитајте кои се петте работи што би го смениле светот според Ана:

1. БУДЕЊЕ

Повеќе од било кога до сега, нам ни е потребно будење. На умот, на душата, на внатрешниот глас, за да ги препознаеме вистинските вредности и конечно да почнеме да живееме според нив.

2. ЉУБЕЗНОСТ
Има еден израз на англиски јазик - „Kill them with kindness." (Убиј ги со љубезноста). Метафорички, се разбира (се смее). Доста често размислувам за оваа фраза и гледам колку што можам почесто да ја применувам.

3. СМЕЕЊЕ
Ова е најмоќната алатка која ја поседуваме и со која можеме да го промениме светот. Смеењето е заразно, а неговата убавина е универзална. Смејте се почесто. За тоа не треба многу труд .

4. ОДГОВОРНОСТ
Прво сопствена, а потоа и колективна. Ние мораме да станеме свесни за работите кои ги правиме и за нив да понесеме целосна одговорност.

5. ЉУБОВ
Љубовта во себе ја носи моќта да го промени светот и да го направи поубаво место за живеење. Сакајте се и почитувајте се. Ништо повеќе не треба.

Објавено:
7 октомври 2015
Прочитано:
2.369 пати