Во директна интеракција со градот од не случајно избраната локација, продажниот салон на реномираниот и глобално познат бренд Хуго Бос веќе десет години е присутен во Скопје. Широките и сјајни надворешни излози пак, на некој начин се еден од препознатливите карактеристики од центарот и најфреквентната улица. Поставен на две нивоа уредени по точно определените стандарди што ги наложува франшизата, продажниот салон на Хуго Бос е вистинско задоволство за мажите купувачи со цврсто дефиниран стил. Во модерниот и софистициран простор на салонот се функционира по светски трек, како во однос понудата така и од пристапот кон купувачите, што на некој начин е потврда за вистинските вредности на брендот. Проверените искуства од верните консументи на префинетиот дизајн и квалитет, во суштина ја претставуваат и долгата традиција на престижната етикета и на наши простори. Токму за високите критериуми, правила и прстапот кон купувачот по кои функционира тимот од продажниот салон во центарот на Скопје, разговаравме со бренд менаџерот Мики Џога Костов.
Функционирате како голем тим, која е работата на бренд менаџерот, поточно Вашата улога?
- Мојата работа започнува со одбирањето на парчиња од колекцијата кои ќе бидат понудени во нашиот продажен салон за конкретната сезона. Продолжува со приемот на истата во продавницата, организација на персоналот во однос на смени и поделба на работни обврски и сите останати нешта кои како мозаик треба да се спојат за да може да се каже дека еден продажен салон функционира. Меѓутоа, како што и самиот назив на работната позиција “бренд менаџер” кажува, мојата главна улога е пробивање и одржување на брендот Хуго Бос на македонскиот пазар, преку слушање и задоволување на потребите на нашите клиенти.
По што се разликува пристапот кон клиентите што доаѓаат да купуваат во салон на премиум бренд?
Како да се пристапи кон нашиот клиентот е најкомплексниот процес на тренинг низ кој што поминува секој наш продавач. Покрај тоа што се трудиме секогаш нашите клиенти да се чувствуваат пријатно, во нашиот продажен салон се трудиме да ги споиме Бос-овите производи со нивните потреби. Секој менаџер/трговец ќе ви каже “секое парче има свој купувач” - нашата основна работа и цел е да овозможиме оваа фузија да се случи. Ние како продавачи мораме да бидеме и одлични слушатели, одлични “стилисти”- за оние клиенти на кои тоа им е потребно и познавачи на производите кои ги нудиме. Но сепак, ние како продавачи на премиум бренд, не смееме да заборавиме дека не продаваме само производи туку и пасија за брендот, кој низ годините се издигнал на светско ниво. Нашите клиенти тоа го препознаваат и ние мораме да останеме доследни на брендот кој го преставуваме и продажбата секогаш да ја кренеме на едно професионално повисоко ниво. Ова ќе му овозможи едно пријатно купувачко искуство на клиентот, кој секогаш со задоволство ќе се враќа во нашиот продажен салон.
Кои линии и колекции од брендот Хуго Бос современиот маж може да ги најде во вашиот продажен салон?
Брендот Хуго Бос својата креативна моќ ја насочува кон 4 основни модни линии, три од нив се застапени во нашиот продажен салон. Тоа се линиите BOSS, BOSS ORANGE и BOSS GREEN.
Со какви предизвици се соочувате на пазарот и како опстојувате и прогресирате низ годините?
Видете, предизвиците секогаш се и ќе бидат катализатори и апсолутно е добро кога ги има. Ние како продавачи мораме да ги издвоиме потребите на нашите клиенти кои во целост нема да ги задоволиме. Тоа е главниот извор на информации како да постапиме наредната сезона. Пазарот сам зборува што треба да се направи наредната сезона, побарувачката диктира насока. Ако сте пред се добар продавач па потоа и менаџер, прогресот ќе биде неизбежен.
Кој е профилот на припадниците од посилниот пол што преферираат да носат реномирана облека?
Диверзитет на профилот секако постои. Наш клиент секако е модерен маж кој сака да биде облечен совршено, без разлика дали се работи за вечерен настан, дневно одело за во канцеларија или пак викенд патување со неговите пријатели или семејство. Со трите линии кои ги нудиме во нашиот продажен салон можеме да ве “Босираме” за секоја пригода.
Спонзориран текст