Празничен моден едиторијал

Ти си убавината која му е потребна на светот

Интервју со
Елена Лука
28 декември 2021

На светот му треба убавиот човек. Најмалку мислиме на физички убав, не.

Мислиме на убавиот човек кој е благодарен за сите радости, кој достојно ги дочекал сите удари, на човекот кој кога се смее му игра душата и му се појавуваат оние симпатични брчки околу очите.

Марија Крстова - Уредник

Убавиот човек, оној кој останал питом низ животните искушенија и бури и го кренал гласот онаму каде што тишината боли.

Убавиот човек, оној кој се радува на туѓото добро и сочувствува за туѓата тага.

Убавиот човек, оној чии очи се длабоки, бистри и умни и го гледаат убавото во тебе.

Убавиот човек, оној кој е свесен дека секој миг, секој ден е подарок и дека среќата и тагата се другарки фатени под рака и треба да научиш како да играш и со едната и со другата.

Убавиот човек, оној кој наместо да каже, ќе покаже. Оној кој љуби, кој плаче, оној кој се лути гласно, но исто толку гласно се смее, оној кој е жеден за знаење, оној со душа планина.

Убавиот човек, оној кој не се откажал и верува во другите луѓе.

Убавиот човек, оној кој не троши многу на зборување, а кажува многу за оној што сака да го слушне.

Јулија Илијевска - Новинар

Убавиот човек, оној кој е светлина, спокој, мир, другар, мотив...

Секој го има во себе убавиот човек. Разбуди го, кажи му дека е време, потребен му е на светот...

Редакцијата на Fashionel Ви посакува да си го пронајдете спокојот и мирот во душата, да си ги гушнете убавите луѓе околу себе и да не престанете да верувате во убавината...

Оваа година ја заокружуваме, а воедно и 2022 ја започнуваме, со моден едиторијал заедно со нашиот моден бренд ЕЛЕНА ЛУКА која секогаш е тука да нѐ потсети на вистинската убавина и вредности.

Тоа ќе го препознаете во секоја фотографија од насловната празнична фотосесија, како дел од една вредна приказна која носи светлина, која ни го разубавува секојдневието и која му ги дава убавите нијанси на животот.

Елена Пандева - Генерален менаџер и сопственик на Елена Лука и Fashionel

СРЕЌНИ ПРАЗНИЦИ!

Стајлинг: ЕЛЕНА ЛУКА
Локација: Park Hotel
Модели: Сара Панова, Стефан Спирковски
Продукција: Fashionel

 

Објавено:
28 декември 2021
Прочитано:
797 пати