Деловна жена и поранешен модел

Шминката не ги покрива моментите кога не сте расположени

Интервју со
Викторија Јаначковиќ
1 февруари 2016

Мирис на домашни колачиња, колоритен ентериер во кој секое парче мебел и секој детаљ има своја приказна, простор исполнет со природна светлина, неверојатна позитивна атмосфера и прекрасни и топли домаќини – ваков амбиент нè пречека во домот на семејството Јаначковиќ чии гости бевме викендов.

Откако ги пробавме колачињата и го разлистивме импресивното портфолио во кое грижливо се сублимирани спомените од едни убави и незаборавни времиња, додека Викторија Јаначковиќ активно беше присутна на модната сцена, наша следна цел беше нејзиниот плакар и што неговата содржина зборува за нејзината личност.

Бевме љубопитни да дознаеме како таа го градела нејзиниот стил низ годините, колку нејзината успешна кариера како модел и помогнала во дефинирањето на нејзиниот визуелен имиџ и како целото тоа искуство сега го применува во деловниот свет, каде веќе со години одлично функционира како деловна жена, покрај нејзината примарна професија како стоматолог.

Како лично го дефинирате Вашиот стил?

-Мојот стил би можел да се опише како незадолжителен, модерен на класичен начин. Не е константен и едноличен, но многу зависи од моето расположение. Никогаш не сум ги следела слепо модните трендови, од причина што постојат парчиња облека кои ми одговараат и такви кои не ми одговараат. Во основа, не го почитувам она што го следи мнозинството.

Кој е најкарактеристичниот печат во Вашиот имиџ?

-Стил е начин да кажете кои сте, а кај мене е тоа пенкало во косата (се смее).

Кои бои и каков тип на парчиња доминираат во Вашиот плакар?

-Црна, црвена, црно-бела, но зависно од сезона знам да изберам и посветло парче како на пример сина. Најдобра боја е онаа која најдобро ви стои.

Постои ли некој детаљ или парче за кое сте емотивно поврзани или зад себе има некоја интересна приказна?

- Најмногу ги сакам оние детали кои ми ги купуваат моите најблиски.

Имате ли парчиња од македонски дизајнери и колку ја следите нивната работа?

- Да, имам. Морам да напоменам, дека ме радуваат нашите дизјнери кои одат во чекор со светската мода. Во таа група припаѓа и за мене драгата личност Елена Лука, која знае до "нерв" да ме погоди со своите креации. Секогаш сум се восхитувала на оригиналоста, а не претопување и она нешто што носи X фактор.

Бидејќи сте деловна жена, колку според Вас е значаен деловниот дрес код на работното место?

- Не сум за униформирање. Мислам, дека секоја индивидуа треба својот стил да го пренесе и на работното место, со запазување на деловни кодекси на облекувањето.

Што според Вас, секоја жена треба да има задолжително во својот плакар?

-Мал црн фустан.

Со оглед на тоа дека важите за една од најубавите жени во Македонија, може ли да ни откриете дел од Вашите дневни ритуали на нега?

-Мислам дека навремен сон и добра генетика, влијаат на нашиот тен и кожа пред се, а потоа правилна исхрана и физичка активност. Не сум спортски тип на жена и без разлика што бев во светот на модата, но деснеска како лекар, мислам дека претерани физички активности, кои гледам дека и денеска станале тренд не се задолжителни. Дневно пешачење од еден час е сосема доволно. Маски и витамински третмани ги практикувам затоа што лицето често може да биде уморно. Топло препорачувам, доколку сте во дефицит на времето, да искористите, лимони, портокали, кои можете, по напорниот ден да ги ставите на лицето, додека работите сосема трета работа. Не ставајте премногу шминка, зошто таа нема да покрие момети кога не сте расположени. Бидете свои, облечете ја насмевката пред секое излегување и не заборавајте, сите вие сте убави.

 

Објавено:
1 февруари 2016
object(stdClass)#453 (8) { ["nid"]=> string(5) "12899" ["ga_count"]=> string(4) "7695" ["ga_count_week"]=> string(1) "0" ["ga_count_day"]=> string(1) "0" ["ga_count_start_date"]=> string(10) "1436911200" ["ga_count_week_start_date"]=> string(10) "1686866400" ["ga_count_day_start_date"]=> string(10) "1686866400" ["fb_count"]=> string(3) "546" }
Прочитано:
7.695 пати