Кејт Мидлтон во впечатлив стајлинг при посета на поплавени региони

Принцот и принцезата од Велс вчера го посетија Понтиприд за да го одбележат „St David’s Day“ и да се сретнат со заедницата погодена од неодамнешните поплави. Кејт Мидлтон блескаше во софистициран и елегантен стајлинг, носејќи долг капут во интензивно црвена боја, украсен со жолт цвет, комбиниран со кафена ролка и стилски чизми во иста нијанса.

Ова е нејзина прва посета на Велс по објавата за започнување на третманот против рак минатата година, а модниот избор оддава самодоверба и моќ. Црвената боја доминираше во комбинацијата, симболизирајќи сила и решителност, додека деталите како двојното копчање и совршениот крој додаваа класична елеганција.

Кејт и Вилијам беа топло пречекани од локалните жители, додека ја започнаа својата обиколка во затворениот пазар на Понтиприд, каде што разговараа со сопствениците на штандови и го посетија познатиот „The Welsh Cake Shop“.

Овој моден избор уште еднаш ја потврди титулата на принцезата Кејт како една од најдобро облечените жени во кралското семејство, пренесувајќи порака на поддршка и топлина.

Извор: BBC

Сè уште нема коментари

Оставете Одговор

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена.

mk_MKMacedonian