8-ка создадена од сплотеност и поврзаност!

17 април 2021

Во животот секогаш доаѓаат тешки моменти во кои најважно е да имате со кого да ги споделите и на кого да се потпрете. Последниве две години се исклучително предизвикувачки за сите, но токму во овие две години веројатно сите видовме на кого можеме да сметаме.

Fashionel.mk powered by Elena Luka денеска прославува осум години. Можеби не е време за големи прослави, но сметаме дека секогаш е добро време да се потсетиме на она што ни предизвикува радост и за благодарност.

Денес ние ги славиме токму тие работи - љубовта што ја имаме кон она што го работиме, радоста што сме во можност секојдневно да ви пласираме квалитетни и интересни вести. Кога пред осум години започна оваа идеја иницирана и водена од г-ѓата Елена Пандева, имавме за цел Fashionel.mk не само да биде првиот моден портал во Македонија, туку да биде сајт што ќе едуцира, пред се' модно, а потоа и ќе ги забави и заинтригира читателите.

Осум години подоцна, ние можеме да се пофалиме со преку 500 реализирани интервјуа, уште толку  авторски теми, илјданици текстови и прекрасна публика и соговорници. 

Секој од нас има различен сензибилитет, различен израз и пристап - Марија како уредник објективен и конзинстентен, Јулија аналитичен и прецизен, Ивет романтичен и нежен, Владо нуди острина во фото-изразот, Стефани колоритност при решенијата, Стефан го претпочита минимализмот. Пепи е нашиот суперхерој за техничка поддршка, а Небојша човекот на кој секогаш можеме да се потпреме за маркетинг идеи.

Елена Пандева пак, од самиот почеток нè води со нејзината неуморна енергија, уметничка визија, поддршка и ни всади страст кон убавите нешта, сите овие години со ист интензитет!

Убавината е токму во нашата различност, но заеднички ни е квалитетот и внимателно одбраната авторска содржина. 

г-ѓа Елена Пандева

И токму на крајот, ние не би го дочекале овој роденден да не сте вие,  нашите читатели кои секој ден одново ни се враќате.

Ви благодариме за довербата, ви благодариме што не' одбирате токму нас!

Чувајте се, останете во добро здравје, за во иднина ние да пишуваме, а вие да читате и заедно да посведочиме -  на (уште) поубави нешта, поводи, приказни.

Во продолжение ви праќаме видео поздрав. Воедно, им благодариме на сите оние што некогаш беа дел од оваа наша културна модна приказна и оставија дел од својата креативност.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by FASHIONEL.mk (@fashionelmk)

 

Тим Фешнел

 

Објавено:
17 април 2021
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
672 пати
Тагови: 
роденден