Колку поизразени подочници, толку покул - Зошто мислиме дека овој тренд е бизарен и глупав

10 февруари 2021

На „Тик-ток“ платформата се појави тренд на изразени подочници, кој потоа се прошири и на останатите социјални мрежи.

Тинејџерите одлучија да се спротистават на совршената убавина и исончаниот тен така што ќе прикажат несовршеност - во случајов подочници. Колку поцрни - толку покул.

@sarathefreeelf

 

Greek Tragedy (Oliver Nelson TikTok Remix) - The Wombats

За оваа појава коментираше тимот на магазинот „The Cut“, како и на „Њујорк Тајмс“. Нивните мислења се поделени, а нашето е дека ова е бизарен и глупав тренд.

Да, подочниците се несовршеност која најчесто луѓето се трудат да ја сокријат. Понекогаш се вроден недостаток, а понекогаш се последица од многу часови неспиење предизвикани од х-причини, нездрав начин на живот, па дури и зависности.

Веќе подолго време се зборува за ослободувањето на женската убавина, за прифаќањето на себеси, за „несовршената“ убавина наспроти Инстаграм профилите, медиумите и генерално социјалните мрежи.

Но, со оглед на тоа дека и Тик Ток спаѓа во социјални мрежи и дека добар дел од тинејџерите користат шминка за да ги создадат “совршените“ темни подочници, нели е тоа лицемерно и „фејк“? Против каква „фејк“ убавина зборувате/се борите? Убава замисла, лоша реализација.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@oatmilkmakeup)

Постојат и такви на кои оваа естетика им е мистериозна и секси - нам ни е слика на нездраво лице какво не би сакале да гледаме и ништо повеќе од тоа.

Зошто сакаме да изгледаме болно?

Што е тука убаво?

„ДА“ за промените на бјути стандардите, „ДА“ за природниот изглед, за помалку шминка, за прифаќањето и сакањето на себеси, но „НЕ“ за бјути трендови кои немаат смисол.

Прашање е тие што се соочуваат со подочници дали ќе пронајдат ослободување во ова или можеби ќе сакаат да ги истакнат уште повеќе.

Подочниците се природна работа и не се ништо срамно. Но, тоа не значи дека треба да се „шлапаме“ со шминка или да се мачиме да не спиеме 12 часа, само за да изгледаме шик. 

 

Една од уредничките на магазинот прашува кога ќе започне трендот на истакнување на „брчките“, со што веројатно би била целта да се разниша ботокс ерата. Во тоа дефинитивно наоѓаме повеќе смисол и доколку навистина се развие таква инцијатива и тренд, ќе биде интересно конечно да видиме дали повеќе имаме брчки од смеење или од муртење, какви генови носиме и како живееме.

И има една работа која очигледно ја забораваме, а не би требало - постои изглед што секогаш е шик,, кул, тренди - Се вика здрав и негуван изглед!

Колку ќе опстане ваквиот тренд, ќе се претвориме ли во зомбија или ќе доживееме некоја друга трансформација, ќе покаже времето.

Всушност, не.

Ќе покажат социјалните мрежи. 

@daniellemarcan

@sarathefreeelf and @abbyroberts made me do it

Greek Tragedy (Oliver Nelson TikTok Remix) - The Wombats

 

@abbyroberts

#stitch with @sarathefreeelf eye bags r sexi okay

original sound - Abby Roberts

 

 

 

Објавено:
10 февруари 2021
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
582 пати
Тагови: 
подочници тренд