РЕПОРТАЖА

Ксамил: Тиркизниот бисер на Албанија

26 јули 2022

Иако туристичките агенции во државава веќе со години имаат одлични понуди за ексклузивни патувања на егзотични дестинации, не секогаш сме подготвени и расположени за далечни локации и долги летови.

Знаејќи дека нашите соседи имаат еднакво прекрасна природа, топли морски води и песочни плажи каде совршено можеме да се релаксираме и одмориме, честопати се одлучуваме воопшто да не ги напуштиме границите на Балканот. Но, доколку сте дел од оние кои речиси секое лето неизбежно ја посетуваат Грција или Хрватска и барате промена, Албанија е одлична можност за пристапно, ново и поинакво искуство.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Овојпат се упатуваме кон тиркизниот бисер на нашиот западен сосет - Ксамил. Ова село и поранешна општина во Албанија во кое живеат три илјади жители се наоѓа во непосредна близина на шармантниот град Саранда, а прекрасното Јонско Море и плажите со бројни сламени чадори со право му го дадоа на ова место прекарот „Малдивите на Балканот".

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Туристички скапоцен камен во подем

За разлика од голем број други медитерански дестинации, Ксамил е сè уште релативно неоткриено богатство, кое во последните неколку години значително работи на тоа да го подобри туристичкото искуство за посетителите кои од година во година доаѓаат во сè поголем број, особено во месеците јули и август.

Доколку тргнувате од Македонија, најдобар начин да стигнете до Ксамил е автомобил или автобус. Но доколку по некоја случајност се наоѓате во Грција, односно на островот Крф, најбрзата опција е траект со кој ќе стигнете до Саранда, од каде пак подоцна ќе си обезбедите дополнителен превоз. Патот со траект трае 70 минути, а билетот чини 20-тина евра.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Островите на Ксамил

Главната атракција на Ксамил се неговите 4 ненаселени и претежно карпести острови каде вирее бујна вегетација. Во минатото, за време на комунизмот, пристапот на албанското население до овие острови бил забранет. Но денес тоа е не е така ниту за локалците, ниту за туристите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared  (@irmabasheska)

До некои од нив може и да се доплива, но најбезбеден начин да ги посетите сите 4 е со педалинка или електричен чамец. Плажите на овие острови се диви и можете со вас да понесете чадор и приватни лежалки, што е предност во однос на плажите од страната на Ксамил.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Бескраен избор на плажи

Сепак, дури и доколку се одлучите да останете на приватизираните плажи во сопственост на баровите и хотелите, бидете уверени дека иако се прилично тесни, тие се едни од најчистите на Балканот. Додека се печете на летното сонце ќе забележите дека вработените во кафулињата го чистат пределот речиси на секој час, што ја оправдува цената на лежалките која знае да порасне во најгустите периоди од летната сезона.

Дополнително, ситниот песок и чистата тиркизна вода, како и прекрасниот поглед кон островите и неверојатното зајдисонце, ги постави плажите на Ксамил помеѓу 20-те најубави плажи на светот според Guardian. А изборот е преголем. Од широки и песочни плажи, до неодоливи плажи со камчиња, па дури и тесни и карпести региони, Ксамил нуди речиси сè што можете да си замислите и посакате.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Најпопуларни плажи се: Bora Bora Beach, PODA, Coco and Stela Beach, Castle Beach, Ksamil Beach, Paradise Beach, Monastery Beach, Mirror Beach, Lori Beach, Puerto Rico Beach и Cubana Beach, каде можете да уживате во бројните активности и водени спортови.

Мирно сместување и одлични ресторани

Без разлика на тоа дали ќе одлучите да изнајмите апартман, Airbnb или пак да се сместите во некој од луксузните хотели кои излегуваат на самиот морски брег, нема да погрешите. Она што е особено погодно за туристи кои се во потрага по мир и одмор во вистинска смисла на зборот, е фактот што Ксамил е навистина мало место кое што може да се прошета во еден ден.

Но затоа пак изобилството на прекрасни ресторани со вкусна и свежа морска храна, како и симпатични слаткарници, модерни кафулиња и фасцинантни ноќни барови, нуди можност за уживање и забава со денови и ноќи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Истражете ја околината

За оние кои имаат потреба да ја сменат локацијата и да ја истражат околината на Ксамил, постојат неколку опции. Една од нив е да крстарите со брод и да посетите некои од тивките и напуштени плажи и острови. Најдобрите понуди за тури можете да ги начекате при посета на градот Саранда, но најчесто тргнувањето е од Ксамил.

Ако ви е доста од плажата или само сакате да го истражите локалниот селски живот, можете да одите на тура до езерото Бутринт каде што се одгледуваат школки и да уживате во најсвежите морски плодови, или пак да одите на турата Мандарина преку која ќе можете да го искусите животот на локалниот фармер, по што ќе ве почестат со некоја вкусна храна додека уживате во прекрасниот пејзаж.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Нурнете во историјата на Ксамил: Ѓирокастро и Бутринт

Но, никое патување не е комплетно без да се истражи историјата на местото кое го посетувате. Затоа, при посетата на Ксамил препорачливо е да се посети и историското градче Ѓирокастро кое се најде во списокот на УНЕСКО за светско наследство поради својата прекрасна стара архитектура и камени улици. Ѓирокастро е наедно и одлично место за шопинг каде можете да си купите сувенир кој ќе ве потсетува на ова патување.

Но, покрај Ѓирокастро, вистинска атракција претставува и Националниот парк Бутринт, именуван според истоимениот древен град, чии остатоци биле откриени во јужните делови на Албанија, на околу 20 минути возење од Ксамил.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Исто како и Ѓирокастро, и овој национален парк е вклучен во списокот на УНЕСКО. За да го разгледате овој антички град, (вклучително акрополот, басиликата, античкиот театар и крстилницата) кој првенствено бил Грчки, а подоцна и Римјански, ќе ви бидат потребни 3-4 часа.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by(@irmabasheska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared b (@irmabasheska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by  (@irmabasheska)

Недалеку се наоѓа и Бутринтското Езеро, кое е всушност лагуна на Јонското Море. Бутринт се наоѓа на рид, а на самиот врв ќе ја најдете и тврдината која денес е претворена во музеј.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by  (@irmabasheska)

Погледнете во длабокото Сино око

Во околината на Ксамил пак, се наоѓа и природниот феномен наречен Сино око (Blue eye). Името овој скапоцен извор го добил поради прекрасната боја на сафир која се прелева во неодоливи нијанси на аквамарин. Она што е карактерисртично за Синото око е неговата длабочина која всушност никогаш досега не била измерена затоа што никој не успеал да нурне толку длабоко.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by  (@irmabasheska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Температурата на водата достигнува само 10 степени, а капењето во изворот всушност не е дозволено. Сепак, можеби ќе забележите како туристите и локалното население го прекршува ова правило, кое воопшто не го поддржуваме ниту охрабруваме затоа што Синото око е заштитено место.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Наместо тоа, ја имате сета слобода да уживате во прекрасниот ресторан во блзиина, од каде што не само што ќе имате воодушевувачки поглед, туку и ќе вкусите неверојатно вкусна храна.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Не си заминувајте без да ја посетите Саранда

И секако, доколку времето ви дозволува, одвојте барем еден ден да го посетите градот Саранда кој се наоѓа во непросредна близина. Саранда е неодоливо шармантна со својата скалеста поставеност; густо поставените згради и луксузни хотели; тесните улички и метежот; огромниот број на бутици и дуќани; отворените базари за уметност и накит; уличните музичари и забавувачи.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by  (@irmabasheska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by  (@irmabasheska)

Дополнително, ноќниот живот е неспоредливо побогат од оној во Ксамил, па затоа и честопати туристите кои се сместени во Ксамил одлучуваат да влезат во автомобил и за неколку минути да дојдат во овој град каде изборот на ресторани, барови и ноќни клубови и навидум бескраен.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Саранда нуди сè, почнувајќи од локали кои нудат вкусен доручек и кафе; фамилијарни ресторани каде ќе вкусите одлична морска храна, скара и пица, па сè до големото панорамско тркало кое е одлична забава за младите и ноќните клубови пред кои се чекаат долги редици, но во кои пак ве очекува незаборавна забава и освежителни коктели.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by  (@irmabasheska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by  (@irmabasheska)

Саранда има и голема градска плажа, но земајќи предвид дека тука поминуваат и многу бродови, туристите не секогаш претпочитаат да се капат во овој дел. Затоа пак, доколку сакате да му избегате на активниот градски живот на Саранда, можете да се искачите до Ликурешка тврдина за која се смета дека била изградена во 1537 година.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by  (@irmabasheska)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Се наоѓа на врвот на планината во градот Саранда. Објектот има квадратна форма со две кули. Во почетокот, објектот служел за следење на морето, но денес претставува голема туристика атракција на Албанија, во чии рамки се наоѓа ресторан со прекрасен поглед.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by (@irmabasheska)

Па, доколку сè уште се прашувате каде да одите ова лето, барате одмор и пристапни цени, Ксамил е неодолива опција за посетување, а ве уверуваме дека по првиот пат, ќе сакате да се вратите и втор пат...а можеби и трет и четврти.

Објавено:
26 јули 2022
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
2.355 пати