Најтажната фотографија на кралицата Елизабета: Животот мора да заврши, љубовта не

18 април 2021

Отсекогаш имало разни теории на заговор околу тоа како ги „одржуваат“ во живот кралицата и принцот, безброј шеги на нивна сметка, па дури и кладби за тоа колку ќе живеат.

Принцот Филип живееше 99 години. 

Кралицата пак, има 94. А 73 години биле во брак.

Повеќе биле заедно отколку што биле сами.

Можете да ја сакате или не Елизабета Втора и целото британско кралско семејство, но моментот кога таа се разделува од човекот со кој делела живот повеќе од седум децении, дури и кај најповршните набљудувачи буди грутка во грло. 

Не, бидејќи заминува некој големец, не бидејќи кралицата останува сама, туку бидејќи гледаме дека збогувањето со љубовта ги крши и оние за кои многупати сме сметале дека се безмилосни, отпорни на емоција и/или со непробојна фасада.

Фотографијата на која Елизабета седи сама во капелата со отсутен поглед, веројатно е најтажната фотографија од погребот на принцот Филип.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Emma Woods (@theladyemmawoods)

Тоа не е само фотографија на кралица која го изгубила својот сопруг. 

Гледаме жена која целиот свој живот била опкружена со луѓе, блиски и оние што тоа сакале да бидат - искрено или од интерес, желба за моќ - а сега е сама.

Но, тоа е фотографија која воедно е огледало на она што го живееме, особено последниве години.

Колку тага се има собрано во овие две години, колку изгубени животи, колку збогувања, колку интензивни чувства на страв и осаменост, на непредвидливост, неизвесност.

Жената која владее не само со Британија, но во некоја рака и со светот, во овој момент беше иста како и секој од нас. Во неа како единка се рефлектираше колективната состојба, колективната душа.

Скршена од болка, но сепак достоинствена. Нејзината карпа ја нема веќе, сега е повторно сама - оставена сама на себе и на својата вер(б)а. 

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Domitilla (@domitilla_shaula)

На крајот, сите и остануваме сами на себе, а дали ќе си бидеме добро друштво, зависи само од нас.

Без разлика каде сме во светот, колку сме богати или сиромашни, среќни или тажни, никој не може да ни го одземе тоа што го носиме во себе - за нас самите и за оние за кои сме отстапиле место тука да се најдат.

Филип и Елизабета имаа заеднички живот 73 години. 

Животот мора да заврши, но љубовта не!

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Mahvash Fasih (@mahvash_fasih)

 

 

Објавено:
18 април 2021
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
14.883 пати