Патот на модниот диктат

23 октомври 2015

Облеката е составен дел од нашите животи. Па, иако не сите се облекуваат според последните модни трендови, сите носат облека. Прашањето кое притоа неизбежно ни се наметнува е кој решава како таа ќе изгледа.

Како можен одговор може да се спомене социолошкиот феномен кој стручно се нарекува дроп даун ефект или ефект на капење кој го опишува факторот во општеството некоја одлука или навика да се донесе на врвот на општественото скалило од страна на најмоќните поединци и потоа со тек на времето да прокапува се пониско додека не дојде до дното, додека во меѓувреме на врвот веќе се донесени некои нови и сосем поинакви навики и правила. Така е скоро со се во животот па и со модата.
Би можело да се каже дека современиот начин на облекување во светот пред многу години донесе само неколку поединци кои беа генијалци во својата област и вон своето време. И ден денес се се врти околу нив и нивното наследство, ако се иземат минливо пројдовните дизајнери. Секако тоа се имињата на Баленсијага, Кристијан Диор, Коко Шанел и Ив сен Лоран. Денес се некои од нив и имињата на водечките куќи на висока мода.

Практично, не постои облековно парче кое не е дизајнерски ако ги набљудуваме нештата на тој начин. Се што е сега во широка употреба некогаш било дизајнерска идеја и излегло токму од дизајнерските работилници.

Но, посебно интересно и контрадикторно на оваа теорија се трендовите чии сведоци сме последниве сезони, каде се работи за сосема испревртена ситуација. Уличната мода и субкултурата на некој начин почнаа да ги диктираат трендовите кои потоа се превземени од големите модни куќи. Овој феномен е можен само во модата и се нарекува обратен дроп даун ефект. На пример куќата Балман пред неколку сезони ја претстави револуционерната и дотогаш незамислива колекција која се состоеше од распарани маици, фармерки блејзери и сеприсутните нитни.

Пред тоа беше незамисливо да еден толку ценет и исклучително скап бренд претави навидум грда и неквалитетна во наводници колекција. Малцинството кое може да си дозволи такви цени одсекогаш изискувало врвен квалитет: Но по Балмин тргна бранот на слични улични колекции, и дизајнерите црпеа инспирација токму од субкултурата која ја има приказната веќе со години. Дијнерите познати по иновации ја менуваат насоката и одат во поинакви води.

Примери се Галијано, куќата Хермес, па дури и Карл Лагерфилд за Шанел. Се раѓа уличниот лук кој меѓу останатите го следат и создаваат најценетите дизајнери. Модната куќа Барбери, позната по својата предаденост на британската класична мода и најквалитетните материјали на пистата испраќа модели облечени во балонери преполни со нитни, распарани маици, торби кои имаат износен изглед и сл. Потоа се случува да високата мода црпи идеи од дното на модното скалило, ако така може да се каже а фешенистите го прифаќаат тоа и ги носат тие колекции.

Очигледно со менување на годините, некои работи се менуваат па со тоа и главните социолошки догми всадени во луѓето. Во модата и онака се е менливо и минливо.

 Автор: Снежана Богдановска Сани

Објавено:
23 октомври 2015
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
405 пати