Перница и ремен: Карантински тренд, глупавост и проблем

7 април 2020

Додека можевме да се движиме и да го поминуваме времето со обврски и разни активности, многумина од нас посакаа да го поминуваат времето дома. 

Сега пак, кога конечно имаме можност да бидеме повеќе време дома и да направиме некои подзаборавени или намерно одложени работи, ние гледаме низ прозорците и се прашуваме кога сето ова ќе заврши.

Одиме од една крајност во друга. Но,тоа не е изненадување ако се земе предвид дека секогаш е посакувано тоа што го немаме.

Но, што кога состојбата на изолираност ни го одзема вниманието што ни е потребно?

Се преминува на следното ниво на предизвикување внимание - бизарност.

Деновиве низ социјалните мрежи кружат фотографии од блогерки кои наместо облека „носат“ перница со ремен околу половината. Таквиот „стајлинг“ е инспириран од состојбата на изолација и би било сè во ред доколку остане на симпатична пародија.

Но, кога ќе почнат да се појавуваат фотографии каде гледате дека се посветило огромно внимание на тоа која перница, со кој ремен, плус и модните додатоци, сфаќате дека тоа повеќе не е шега. Ни од далеку. Тие се „тагнуваат“ меѓусебе, интересирајќи се која следна омилена перница ќе ја облечат. Воедно, да оди работата уште подалеку, бројни се примерите и со деца во ваков „карантински стјалинг“ како што го комуницираат, што не може да се нарече дури ни симпатично.

Се работи за потребата да се биде повторно во центарот на вниманието, а истовремено да се биде „дел од група“, да се почувствува припадност, обединето под еден сосема глупав тренд, кој нема никаква поента.

Во исто време, на новата мошне популарна платформа „Тик Ток“, каде на веќе познати цитати, изјави, текстови, вие давате своја визуелна интерпретација на истите, но на текстот само „отворате уста“, се појавија многу видеа на тема „Карантинска мода“.

@hwrri_02

##tiktoktraditions challenge accepted yalls turn

CATEGORY IS... Social Distancing - jordandoww

 

@officiallydivinity

Welcome to the ball hunty ##sidehustle ##distancedance ##categoryis ##drag ##lgbtq ##bipride

CATEGORY IS... Social Distancing - jordandoww

Да, признаваме некои не насмеаја, и беа одлични пародии на фактот дека постојано сме дома, сепак популарноста, а уште повеќе посветеноста со која се направени, алудираат на тоа дека не се прават само од шега, туку за да се истакнат што повеќе, да се зборува за нив што повеќе, да предизвикаат реакции и популарност.

Секој од нас некогаш во животот почувствувал потреба да биде во центар на вниманието. Тоа создава пријатни чувства, затоа што, макар на кратко, поради некои свои карактеристики или квалитети се издвојувате од „масата“. Сепак, социјалните мрежи во голема мера придонесоа голем број луѓе да имаат далеку зголемена потреба за внимание, која преминува и во зависност.

@superdevin64

Category is: SOCIAL DISTANCING @rupaulsdragrace ##happyathome ##moodboost ##socialdistancing ##fyp ##foryoupage ##gayguy ##lgbtq

CATEGORY IS... Social Distancing - jordandoww

 Како се рефлектира?

Привлекување внимание врз себе преку сексуална заводливост - провокативни фотографии на социјалните мреѓи

Истакнување на физичкиот изглед - секогаш да се изгледа беспрекорно или тренди

Стил на говор - па говорот речиси и да го нема. Барем не тој личниот, со став. Се покажува склоност кон генерализација и желба другите да се импресионираат. - Колку често се прочитале познати цитати под фотографиите на социјалните мрежи?

Сугестибилност - Лесно потпаѓање под влијание на другите или моменталните околности во кои се наоѓаат. Дали ми е подобра првата или втората фотографија? Дали да јадам шпагети или пита? Дали првото селфи или второто? Површни одлуки зависни од мислењето на другите.

Драматично однесување: Личности склони кон драматизација и театрално однесување. 

Ви звучи познато нели?

Копчето „лајк“ е воведено во февруари 2009 година, со цел да се поттикне и поддржи позитивноста - позитивни вести, гестови, фотографии. Веројатно ни креаторите на ова копче не можеле во тоа време да претпостават до која мерка ќе предизвика зависност.

Чувството на среќа кои социјалните интеракции го предизвикуваат е кратко, но интензивно и со самото тоа предизвикува зависност и нè присилува сè почесто да се враќаме и да листаме повеќе и повеќе. Исто така, постојано имаме потреба да видиме дали и кој ни „лајкнал“ нешто или коментирал...

@bmccann14

category is...quarantine ball ##fyp ##foryou

CATEGORY IS... Social Distancing - jordandoww

 

@crazytheatreteacher

Category is... ##socialdistancing ##fyp ##foryou ##foryoupage ##dance ##teacher ##theatre ##distancedance ##rupaul ##quarantine

CATEGORY IS... Social Distancing - jordandoww

Статистиките јасно покажуваат дека просечниот милениумец го проверува телефонот 157 пати. Тоа е најмалку 145 минути секој ден. Бројките секојдневно растат. Сепак, сета оваа завснност е во контекст на потребата на маркетинг агенциите, а не корисниците. Затоа, треба самите да преземеме контрола над сопствената зависност - тоа се советите.

Но, реалноста е сосема поинаква. Веројатно, зависноста ќе ја снема сè додека не ги снема социјалните мрежи, односно не се појави друг вид зависност. Изгледа почнуваме да стануваме зависни од тоа да сме зависни.

На крајот, во морето информации кои ни се нудат, она што навистина можеме самите да го направиме е да избереме што ќе следиме. 

Помеѓу перници со ремен и профили за готвење, направи сам идеи, декорации, книги, убави филмови, серии, насочете се кон ова второво купче информации.

Искористете го ова време за сопствена надоградба, а не за задоволување на нечие внимание на бизарен и нималку привлечен начин.

Објавено:
7 април 2020
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
633 пати