Влијанието на К-поп индустријата врз светот на модата

20 јули 2022

Денешната глобална поп култура речиси и да не може да се замисли без барем „грам" инволвираност од страна на корејската поп инустрија. Во последниве неколку години се чини дека К-поп и сè што влегува во рамките на оваа дефиниција успешно се наметнува во сè поголем број полиња на нашето секојдневно живеење.

Но малкумина знаат дека не станува збор за нов феномен. Всушност, Корејскиот бран, уште познат како Hallyu Wave, се обидувал да продре до западната публика уште од раните 1990-ти години. Тоа не се случува сè до 2012 година, кога мега-хитот „Gangnam Style" на пејачот Psy, му носи дел од вниманието кое К-поп музиката со години го бара (заслужено).

Сепак, вистинскиот успех на оваа индустрија доаѓа по пробивањето на групата BTS на американскиот музички пазар. За неверојатно кратко време BTS го освојуваат светот, се претставуваат со успешни настапи, освојуваат први места на топ листи и бројни награди и рушат рекорди. Нивните успеси ги слави вистинска армија од фанови (кои себеси се нарекуваат токму така, „Army") од сите делови на планетата, отварајќи нови хоризонти за корејската музичка индустрија, наедно отвараќи му на светот нови прозорци кон нешто свежо, колоритно и енергично. Нешто поразлично од она што Америка и Европа го нудат.

Фото: infobae.com

Не е тајна дека целата „фама" околу К-поп се должи на „хируршки" прецизни маркетинг стратегии, почнувајќи од музиката која е тенденциозно певлива и лесна за паметње; музичките спотови кои се совршено снимени и монтирани, па сè до естетиката на идолите која е безмалку беспрекорна. Ова аудиовозуелно стимулирачко „пакување", исто како и неверојатните физички пакувања на албумите на К-поп идолите, е неодоливо и атрактивно, што секако резултира во сè поголема побарувачка, а со тоа и „производство" на К-поп групи и изведувачи.

И секако, со зголемениот интерес за К-поп музиката во светски рамки, беше само прашање на време кога глобалната публика ќе стане свесна дека станува збор за многу повеќе од музичка индустрија. Во последните неколку години К-поп индустријата ги пушта своите корени во сферата на филмот (само посветете внимание на обемната и квалитетна конематографија, како и бројните корејски филмови и серии кои доминираат на Netflix), храната, козметиката и секако модата.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by HWASA (@_mariahwasa)

 

К-поп модата е всушност термин кој најдобро го опишува препознатливиот стил кој стилистите на К-поп идолите го наметнуваат. Значително инспирирана од уличната мода и футуристичките концепти, К-поп модата гравитира околу еднобојни и ускладени парчиња облека, кратки пантолони и здолништа, храбри експерименти со дезени и текстури, акцентирани половини, многу аксесоари, накит, детали од метал, латекс и кожа. Дури и без никакво длабоко познавање од модата, лесно може да се препознае кои силуети се карактеристични за оваа сфера и естетика.

Наедно, К-поп идолите се сè почесто поканети во првите редови на ревиите за време на Модните недели ширум светот. Големите дизајнерски имиња како Louis Vuitton, Dior, Yves Saint Laurent. Gucci, Chanel, Balenciaga, Bvlgari, Vetements, Balmain, Moschino Celine се борат да понудат спонзорство на што е можно поголеми К-поп изведувачи, свесни дека нивните следбеници и фанови се подготвени да купат сè што нивниот омилен идол ќе облече. На социјалните мрежи ќе најдете и цели групи посветени комплетно на гардеробата на одреден идол, што е само уште еден дополнителен „органски" маркетингшки boost за брендовите.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by GIVENCHY (@givenchy)

Музичарите не само што изгледаат како модели, туку неизбежно стануваат и амбасадори на модните куќи кои ги облекуваат за јавни настапи, обични селфи постови на нивните социјални мрежи, па дури и кога се појавуваат на аеродроми (за кое постои и термин airport fashion).

Помеѓу највлијателните К-поп ѕвезди во модниот универзум се вбројува и кралот на К-попот, G-Dragon од групата BIG BANG кој е првиот К-поп артист кој некогаш бил поканет на Париската модна недела. Покрај тоа што е амбасадор на Chanel од 2017 година, G-Dragon е честопати поврзан и со брендови како Balmain, Yves Saint Laurent и Givenchy. Оваа година тој започна свој моден бренд Peaceminusone, а особено внимание привлече неговата соработка со Dr. Martens и Nike.

 

Гигантите BTS соработуваат со неколку француски модни куќи, меѓу кои и Louis Vuitton, додека пак Лиса од BLACKPINK е амбасадорка на Celine. Нејзината колешка Џени која е позната како лицето на Chanel, меѓу другото соработува и со Gucci, Yves Saint Laurent и Marine Serre.

Каи од групата EXO уште еден од амбасадорите на Gucci е првиот машки модел на брендот како глобална икона за Gucci Eyewear. Покрај него, Сехун кој е исто така член на EXO, честопати е именуван како „најдобро облечен маж на ревиите на Louis Vuitton во Франција" од страна нa Vogue.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by @gucci

Иако оваа листа е неверојатно долга, не може да се заврши без да биде споменат и Џексон Ванг, соло артист и поранешен член на групата Got7, кој од неодамна е амбасадор на брендот Fendi, Maire Claire, Armani и други.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Jackson Wang (@jacksonwang852g7)

Растечката популарност на К-поп идолите и нивната честа соработка со модните брендови создава совршени услови за симбоиза од која и двете страни значително профитираат. А кога одреден К-поп идол ќе земе познато модно парче и ќе го стилизира на начин кој му дава одреден К-поп израз на дизајнот, тоа има директно влијание како тоа исто парче ќе биде носено од фановите. Од друга страна пак, дизајнерите сè почесто креираат имајќи го целиот К-поп феномен на ум, со што неговото влијание во светот на модата станува неизбежен факт.

Објавено:
20 јули 2022
Категорија: 
Колумни
Прочитано:
728 пати