Кери и Ејдан повторно заедно во втората сезона на And Just Like That...

16 јануари 2023

Фановите на продолжението на Sex and the City ќе имаат можност да уживаат во уште една сезона на култниот серијал.

HBO ја најави And Just Like That...2, каде што Кери (Сара Џесика Паркер) Шарлот (Кристен Дејвис) и Миранда (Синтија Никсон) ја создаваат својата приказна во пост-пандемиски Њујорк.

Недостасува само Саманта (Ким Катрал), која што изјави дека нема желба да биде дел од продолжението на Sex and the City.

Во втората сезона ќе се појави и Ејдан, кој што не беше вклучен претходно, со оглед на тоа дека акцентот беше ставен на Кери, односно на тоа како се справува со смртта на Ѕверката.

Тоа што Ејдан ќе биде дел од втората сезона го најави и главната хероина на нејзиниот Инстаграм профил со фотографија од снимањето.

Останува само да видиме во која насока ќе тргнат случувањата во And Just Like That... 2.

Објавено:
16 јануари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
228 пати