Од Струмица до Лондон со „Застава 101“ – возбудливата авантура на струмичанецот Драган Крстев

10 септември 2020

Успешно извозени 3.000 километри, од родната Струмица до Лондон, со „Застава 101" од 1974 година – е возбудливата авантура на струмичанецот Драган Крстев за која деновиве сведочеше Европа.

Заедно со неговиот сопатник и совозач Љубиша Величковиќ, авантурата ја започнале од Струмица на трети септември, а патешествието го поминале беспрекорно, без никакви проблеми, за да на шести септември пристигнат во Лондон, пренесува порталот Струмица Денес.

Притоа, целото необично искуство, двајцата авантуристи го документирале со фотографии низ европските метрополи Дортмунд, Франкфурт, Брисел... па се до финалните фотографии во Лондон пред резиденцијата на кралицата.

Инаку Крстев веќе дваесетина година живее во Лондон каде има своја механичарска работилница, па овој подвиг со неговата прва автомобилска љубов „Застава 101" е предизвик кој со уживање го реализирал.

Заслужува едно големо браво!

 

Фото: Приватна архива Драган Крстев

Објавено:
10 септември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
316 пати