Погледнете ја избришаната сцена од култниот „Ѓаволот носи Прада“ што можеше да го смени текот на филмот

26 август 2020

"Ѓаволот носи Прада"' е најпродаваниот женски роман на Лорен Вајсбергер чија приказна зборува за една млада новинарка која се вработува како лична асистентка на една уредничка на познато модно списание, работа која станува пеколна за неа трудејќи се да остане во чекор со исцрпувачкиот распоред и понижувачките барања од страна на нејзината шефица.

Врз основа на романот, во 2006-та година се снимаше и истоимениот филм со Мерил Стрип и Ен Хатавеј во главните улоги, Емили Блант во споредна улога, а во режија на Дејвид Франкел. Филмот оствари огромен успех и важи за еден од култните во својот жанр, а впрочем речиси и да не постои вљубеник во модата кој не го гледал. Затоа веруваме дека сценариото ви е добро познато.

Но, вообчаено на финалната верзија на филмот која публиката има можност да ја проследи, претходи еден цел процес на измени, монтажа и кратење на одредени сцени.

Неодамна, во јавноста беше објавено кратко видео од сцена која била избришана од финалната верзија на филмот, а која можела да го промени и контекстот на сценариото, односно релацијата меѓу двата главни ликови.

Имено, во сцената се појавува сопругот на Миранда, со кој таа не е во добри односи и се пред развод, а Енди ѝ помага да ја „спаси“ ситуацијата, по што би се очекувал потопол однос на шефицата кон асистентката, што од друга страна пак би ја променило целата нивна комуникација, што не е случај во финалната верзија.

Погледнете за која сцена се работи.

Фото: IMDB

Објавено:
26 август 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
12.610 пати