Вечерва: Премиера на комедијата „Пациенти“ во Салон 19.19

11 мај 2022

Вeечерва во „Салон 19.19“ во Културно-информативниот центар во Скопје, во 20 часот ќе се одржи премиера на комедијата „Пациенти“ во режија на Ѓорѓи Ризески, во продукција на „Театар провокација“.

Претставата е за односите во бракот, за тоа како изгледа заедничкото живеење на партнерите кои го негуваат егото наместо љубовта, во кое е присутна војната наместо спокојот.

– Ова се ситуации во кој ќе се препознаеме сите ние и нашите најблиски во моментите кога си дозволуваме да се разгорат оние „дебати“ во кои не ги бираме зборовите и средствата. Тој – хроничен алкохоличар, таа – хистерична аждаја. Не знаеш кој заради кого го сменил својот облик на битисување – објаснуваат организаторите.

Играат: Роберт Ристов, Мирјана Поповска Ристов и Радо Алексовски. Сценографијата е на Роберт Ристов, а автор на ликовно сценски решенија е Игор Љубовчевски-Љубац. Првата реприза е закажана за 13  мај.

Објавено:
11 мај 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
267 пати