10 најдобри градови за живеење во 2021

21 јуни 2021

Магазинот „Економист“ секоја година објавува листа на градови со најдобар квалитет на живот. Во извештајот за 2021 година  се вели дека пандемијата значително влијаела на тоа поранешните фаворити да не се толку високо на листата, особено градовите кои воедно се и туристички дестинации.

Оваа година, фокусот бил на здравјето, па првото место со најдобар квалитет за живот му припадна на Окланд. Престолнината на Нов Зеланд се најде на врвот и поради паметната политика на државните и локални власти при борбата со пандемијата.

Уште еден град од Нов Зеланд си обезбеди место на листата - се работи за Велингтон, но и четири градови од Австралија, два од Јапонија и два од Швајцарија.

Во продолжение погледнете ја комплетната листа на 10 најдобри градови за живеење за 2021 година.

1. Окланд - Нов Зеланд

2. Осака - Јапонија

3. Аделејд - Австралија

4. Велингтон - Нов Зеланд

5. Токио - Јапонија

6. Перт - Австралија

7. Цирих - Швајцарија

8. Женева - Швајцарија

9. Мелбурн - Австралија

10. Бризбејн - Австралија

Објавено:
21 јуни 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.015 пати