10 знаци дека не ви е уморно телото, туку душата

13 септември 2019

Кога долго време сме емотивно и ментално под голем стрес, често се случува душата да ни „заспие“, бидејќи ѝ треба длабок одмор, а таа состојба некогаш потсетува на депресија, бидејќи симптомите се слични.

Ова е само знак дека на нашата душа ѝ треба време да закрепне, исто како што на скршената коска ѝ треба време. Душата треба да се третира со иста сериозност како било која друга повреда на телото.

Ако игнорираме некои од симптомите, тоа може да доведе до сериозни последици како хронична анксиозност, депресија и проблеми со менталното здравје.

Во продолжение ви пренесуваме 10 знаци кои укажуваат на тоа дека не е телото тоа што е уморно туку душата, а ако препознаете некои од нив, обратете се за помош.

 

1.Сакате да одмарате и лежите во текот на целиот ден. Често ве фаќа дремка, а понекогаш едвај се будите и станувате од кревет. Во текот на ноќта пак, се чувствувате уморно, а додека спиете имате интензивни соништа и кошмари кои се толку реални.

2.Чувствувате болка во целото телот. Исто така, може да чувствувате тензија, вртоглавици, заматен вид, главоболки и сè тоа без некоја конкретна причина.

3.Кога некој ќе ве праша што ви е, не знаете што да одговорите, затоа што не знаете како се чувствувате. Знаете дека нешто комплексно се чувствува внатре во вас, но не можете да опишете зошто така се чувствувате и уште поважно, зошто не можете да излезете од тоа расположение и енергија.

 

4.Често се чувствувате дисориентирано, затоа што мозокот и телото не се синхронизирани.

5. Сите емоции ви се интензивирани. Се чувствувате екстремно емотивни и често се фаќате како плачете без причина. Исто така, често имате чувство дека срцето ќе ви експлодира.

6.Имате панични напади.

 

7.Се чувстгвувате осамено дури и кога сте опкружени со други луѓе. Почнувате да се прашувате дали и на кого може да му верувате, постојано имате заштитнички став кон себе.

8.Чувствувате горчиња, љубомора, лутина или незадоволство во врска со сè што се случува околу вас, а инаку сте мошне емпатична и грижлива личност која знае да прости.

9.Вашето тело се чувствува слабо и секое движење ве исцрпува. Имате недостаток на енергија, а вежбањето повеќе не ве радува, бидејќи претставува потешкотија.

 

10.Често се чувствувате исплашени и несигурни во врска со вашата иднина. Понекогаш се чувствувате толку исцрпено што само сакате да си ги соберете куферите и да започнете нов живот, бидејќи не гледате задоволство во она што некогаш ви пружало задоволство.

Ако било што од ова сте почувствувале, почнете повеќе да се грижите за себе. Заборавете некое време на телефонот, опуштете се со топла бања, пуштете си ја омилената музика, поминувајте повеќе време со луѓето што ги сакате и што ве сакаат. Не критикувајте се и оттргнете ги лошите мисли колку што можете повеќе. Елиминирајте сè што ви ја одзема енергијата и ве влече надолу.

Доколку не успеете сами, тогаш обратете се за помош кај стручно лице и вратете ѝ го здравјето и на вашата душа.

Објавено:
13 септември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
8.207 пати