15 факти за браќата Манаки во пресрет на 43. издание на Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки"

18 август 2022

Првите филмаџии на Балканот, Браќата Манаки кои првенствено се занимавале со фотографија, со што заработувале за живот, се светски познати по својот пионерски чекор што го направиле со нивниот кинематографски опус снимен со „Камерата 300".

Во нивна чест, секоја година во Битола се одржува Интернационалниот фестивал на филмска камера „Браќа Манаки", а годинешното 43. издание ќе трае 8 дена, почнувајќи од 19 до 26 август.

Во пресрет на овој настан, одвојуваме 15 интересни факти за браќата Манаки кои како основоположници на филмската уметност во Македонија и на Балканот, имаат огромно културолошко и историско значење за нашата земја.

Фото: manaki.com.mk

  1. Браќата Манаки се родени во влашкото село Авдела, во близина на градот Гребен, Егејска Македонија, и потекнуваат од семејство кое брои пет деца. Тие имале три сестри по име Евантија, Василика и Стерјана.

  2. Постариот брат, Јанаки е роден на 18 мај 1878 година, во селото Авдела. Тој бил образован и талентиран за цртање. По завршувањето на образованието, во 1898 година, Јанаки се вработил во гимназијата во Јанина, како професор по цртање и калиграфија, а истовремено отворил и фотографски дуќан.

    Фото: Јанаки Манаки во ученичка униформа во романската гимназија во Битола (1897) | cineculture.online

  3. Помладиот брат Милтон бил темпераментен и имал голема љубов кон коњите и играта табла, но очекувано, под влијание и импресии од својот постар брат, тој почнат да го изучува фотографскиот занает од него.

  4. Во 1905 година браќата Манаки се доселуваат во Битола каде отвориле „Ателје за уметничка фотографија".

    Фото: Јанаки и Милтон Манаки со мајсторите што го изградија фото студиото во Битола (1904) | cineculture.online

  5. Уште во тоа време, браќата Манаки биле познати фотографи кои ставале сопствен печат и калиграфски потпис на секоја фотографија. Печатот, кој се чува во битолското подрачно одделение на Историскиот архив на Македонија, има кружна форма, а текстот е испишан на влашки јазик, на латинично писмо.

  6. Браќата Манаки почнале да фотографираат со голема камера марка Кодак, купена во Париз. Во редот на нивната компанија биле официјални фотографи на Отоманската Империја, Романија и Србија.

  7. Во 1906 година, браќата Манаки за првпат се запознале со филмската камера за време на нивното учество на големата светска изложба во Букурешт на покана од Карл I фон Хоенцолерн-Зигмаринг (првиот кнез на шампионатот), каде се претставиле со свои фотографии. Тука, Јанаки се закитуваат со златен и сребрен медал за фотографии од Македонија, слики од Влашки цркви, додека пак Милтон освоил златен медал за збирка негови фотографии.

  8. По тој успех, Јанаки почнал да патува низ европските метрополи (Виена, Париз итн.) во потрага по камера. Во Лондон тој ја купил филмска камера Bioscope 300 на производителот Charles Urban&Co. Тоа е познатата „Камера 300" со која започнала кинематографијата на Балканот.

  9. Со купувањето на камерата „Биоскоп 300", браќата започнале да снимаат сцени од луѓето од животот на жителите од околината, и станале познати како балканските „Браќа на светлината". Овие слики всушност се првите филмски записи на Балканот, под името „Баба Деспина".

    Фото: Мајка со прегладнети деца, Битола 1915/16 | cineculture.online

  10. Во 1915 година, кога српската војска се повлекувала од Македонија, Милтон пронашол пушки кои ги донел во студиото за да ги користи како реквизити при сликањето. Но, кога пристигнала бугарската војска и го забележала оружјето, Јанаки бил осуден на смрт. Но, бидејќи се работело за угледен граѓанин, тој бил депортиран во Пловдив, каде останал до 1919 година.

  11. Со својата камера, Браќата Манаки забележале голем број значајни манифестации и личности од почетокот на 20 век, како и прекрасни записи за народни обичаи, верски ритуали, прослави. Нивниот голем и значаен опус вбројува и многу познати снимки на турските репресалии врз македонското население по Илинденското востание.

    Фото: Парада по повод Младотурската револуција, Битола 1908 година | cineculture.online

  12. Покрај работата во фотографското ателје и снимањето со филмската камера, во текот на еден период, браќата Манаки се занимавале и со киноприкажувачка дејност во нивното кино „Манаки", кое работело од 1921 до 1939 година. Нивното прво летно кино било отворено на 26 август 1921-ва година, но подоцна во 1923-та тие изградиле нова зграда каде на 1 декември била одржана првата кино претстава.

  13. Од значајниот кинематографски опус на браќата Манаки се зачувани 7.600 негативи на стаклени плочи и околу 11.000 фотографии. Нивната камера се чува во архивот на Битола, затворена во лимен орман.

    Фото: manaki.com.mk

  14. По повод 50-годишнината од смртта на Милтон Манаки, во Битола била поставена изложба на која бил прикажан дел од творештвото на браќата вклучувајќи и некои помалку познати фотографии, како фотографија од 1924 година, снимена пред Црвената касарна во Битола на која се прикажани професорот во битолската гимназија Адолф Бартипан и српскиот офицер Чопи како играат шах со живи луѓе облечени во костуми како шаховски фигури, опкружени со бројна публика. На друга фотографија е прикажана воената амбуланта во Битола од 1916 година, при што, еден војник со прострелна рана позира со неговиот часовник.

  15. Голем број кино-сали го носат името на браќата Манаки, а во нивна чест секоја година се одржува реномираниот филмски фестивал „Браќа Манаки".

 

Фото: wikimedia.org

Целокупниот фотографски и филмски опус на браќата Манаки е богат и високозначаен. Покрај неминовните фактографски и естетски вредности, со текот на времето нивното дело добива уште посилно историскато значење, и тоа не само за македонската кинематографија, туку и многу пошироко.

Фото: Манифестации по повод ослободувањето на Битола, 4 ноември 1944 година | cineculture.online

Фото: Султанот Мехмед Решад V во Битола, 1911 г | cineculture.online

Фото: Патници од Германија кои со својот автомобил патувале пет континенти. Милтон Манаки е потпрен на колата десно. Тумбе кафе Битола 1920/1921 година. | cineculture.online

Фото: Снимена свадбена поворка на денешната ул. Солунска, Битола 1904/05 | cineculture.online

Фото: Кино Манаки по пожарот, 1939 година | cineculture.online

 

Објавено:
18 август 2022
Категорија: 
Култура
Прочитано:
783 пати