Креативната уредничка на американското издание на Vogue, Грејс Кодингтон одлучи да издаде книга со фотографии, која ќе содржи некои од нејзините највпечатливи спомени во текот на 30-годишната кариера во ова списание.
Насловот на книгата е Grace: 30 years of Fashion at Vogue (Грејс: 30 години мода во Вог), всушност како и на книгата издадена од уредничката во 2002 година, само што овој пат е во дополнета.
Новото, проширено издание, е на 408 страници и ќе ја раскаже модната приказна на Грејс како креативен уредник во оваа модна библија. На есен, следната година, ќе се очекува и вториот дел на книгата, каде ќе бидат опфатени последните 13 години на нејзината работа во Vogue.
Освен бројни фотографии, ова дело ќе го содржи и писмото на Грејс, дополнето со илустрации и карикатури на фотографите со кои соработувала во текот на долгогодишната кариера межу кои и Стивен Клајн, Артур Елгорт, Ени Лебовиц, Стивен Мајсел, Марио Тестино, Брус Вебер и многу други.
Свој придонес кон ова издание ќе имаат и Ана Винтур и Карл Лагерфелд, кои се обраќаат во предговорот на книгата.