30 години„Убава жена“ - 30 работи што можеби не сте ги знаеле

25 март 2020

Денес веќе кулниот филм „Убава жена“, својата премиера ја имаше на 23. март 1990 година во Канада. Веројатно, ниту режисерот Гери Маршал, ниту пак главните актери Џулија Робертс и Ричард Гир, не ни претпоставувале дека и три децении подоцна ќе се зборува за филмот и ќе биде интересен за гледање.

Во продолжение ќе ви презентираме 30 интересни факти за филмот кои можеби не сте ги знаеле. А воедно, ова е одличен повод во време кога сите сме дома, да се потсетиме на филмот и да го изгледаме повторно.

1.Оригиналната приказна била далеку „помрачна". Сценаристот Лавтон сцнеариото го насловил како „3000 долари"(износот што Едвард го дава на Вивиен) и не се работело за љубовна приказна, ниту пак за приказна која имала среќен крај. Се работело за две личности со упрастени животи, зависници од дрога, што поминуваат недела дена заедно.

2.Крајот е замислен да биде снимен во Дизниленд. Според првичната приказна, Едвард ја брка Вивиен од својот живот, а таа со парите (3000 долари) и нејзиниот најдобар другар Кал ќе заминат за Дизнилен

3. Додека да биде одбран Ричард Гир за ликот Едвард, Робертс ја „тестирале" на неколку водечки актерски имиња во Холивуд. Дел од нив се Том Конти, Чарлс Гродин, Џон Траволта, Кристовер Рив, Дензел Вошингтон. Силвестер Сталоне ја одбил улогата, исто како и Ал Пачино.

4. Џулија Робертс била заинтересирана за филмот уште од самиот почеток, дури и за „мрачната" верзија. Сепак, засекогаш ќе остане „убава жена". Но, покрај неа, за улогата биле планирани Сандра Булок, Џенифер Конели, Мег Рајан, Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис, па дури и Мадона.

5. Замислата на Маршал била главните ликови да ги толкуваат Ал Пачино и Мишел Фајфер, но за „Венити Фер“ ќе изјави дека неговата визија за филмот ќе се смени сосема кога на кастинг ќе се појават Ричард Гир и Џулија Робертс. „Со Пачино и Фајфер тоа ќе беше соема друг филм. Веројатно ќе беше поблизок до оригиналното сценарио, а можеби немаше воопшто да има среќен крај. Но, хемијата помеѓу Џулија и Ричард, која се чувствува и на екранот, беше иста таква и на аудициите“.

6. Робертс била два пати на аудиција - кога било актуелно првото сценарио, а потоа ја викнале уште еднаш за изменетото. 

7. Ричард Гир во почеткот сметал дека ликот Едвард е претерано досаден, а за сценариото ќе изјави: „Беше тоа едно мало, смешно сценарио".

8. Ричард Гир неколку пати ја одбивал улогата на Едвард, па Џулија била таа што на крајот го убедува да го сними филмот. Таа отишла во неговиот дом во Њујорк, а во исто време Маршал го повикал Гир на телефон. Додека тие разговарале, се појавила Робертс, со лист на кој пишувало: „Те молам кажи ДА“. „Туку што реков ДА“, му одговорил Ричард на режисерот.

9.Филмот навистина е сниман во „Реџент Беверли Вилшир" хотелот. Тоа бил единствениот хотел во Беверли Хилс кој дозволил да се снима и надвор и внатре. Исто така, обожавателите можат да видат како им било на Едвард и Вивиен и тоа по цена од 100.000 долари. Пакетот вклучува престој во пентхаус и шопинг на „Родео Драјв". Дополнителните сцени се снимени во близина на хотелот „Амбасадор" каде во 1968 година беше убиен Боби Кенеди, а кој е демолиран во 2005 година.

10. Операта што Вивијан и Едвард ја гледаат заедно е „Тривијата“ - приказна за маж кој се вљубува во проститутка. Суптилно, нели?

11. На постерот не е Џулија Робертс. Всушност, нејзината глава е споена со телото на нејзината дублерка, Шели Мишел. Ричард Гир пак, има црна коса, иако во филмот има проседа коса.

12. Сцената кога Џулија Робертс е во када полна со пена, не била воопшто едноставна да се сними. Имено, кога косата на Робертс била мокра, целата вода била обоена во црвено од бојата на нејзината коса. Така, додека ја снимиле сцената онака како што сакале, целата боја „паднала“. „Детергентот си го направи своето и ми ја симна цела боја. Затоа во 10 часот навечер имавме итно боење на косата, за да можеме да продолжиме со снимање“.

13. Кога Робертс би имала потешкотии да ја сними сцената кога Вивијан гледа „I Love Lucy“, режисерот би ја скокоткал за стапалото и така го решавале проблемот.

14. Во сцената со пијаното, Гир навистина свири на инструментот. Дел од тоа што го свири е оригиналната композиција која ќе стане официјалната музика на филмот.

15. Насловот на филмот е преземен од стиховите на песната „Oh, Pretty Woman" на Рој Орбисон.

 

16. За време на секси сцените, Робертс била мошне нервозна, што на крај добила и осип.

17. Сцената во ресторанот е снимена во постоечки ресторан. Се работи за „Rex II Rеstorante" во Лос Анџелес, сега познат како „Cicada" ( а во филмот се вика „The Voltaire). Инаку, во истиот ресторан се снимани сцени и од „Непристоен предлог".

18. „Ферари“ и „Порше“ одбиле да соработуваат и нивните коли да бидат во филмот, бидејќи не сакале нивниот бренд да се поврзува со проститутки. На крајот, Едвард вози спортска кола со „Лорус Карс“.

19. Освен чевлите „Шанел“, тимот на костимографката Мерилин Венс ги креирал и направил сите модни комбинации кои ги носи Вивијан во филмот, вклучувајќи ги и фустанот со точки и фустанот од постерот.

20. Сите одела што ги носи Ричард Гир во филмот се исто така создадени од истиот тим, а Мерилин одела дури во Италија за да ги најде вистинските материјали за неговите костуми.

21.Легендарниот црвен фустан во кој Вивиен оди во опера, всушност требал да биде црн. Костимографката Мерилин Венс се расправала со филмското студио околу фустанот. Имало неколку пробни снимања во различни бои, за на крај да победи црвениот.

22. Ѓерданот што Едвард ѝ го дава на Вивиен чинел 250 илјади долари, па на сетот имало и посебен чувар ангажиран за тоа. А сцената кога тој ја затвора кутијата е импровизација и смеењето на Робертс е искрено.

23. Мег Рајан навистина знае лошо да одбере. Ја одбива улогата во „Убава жена“, која на Робертс ќе ѝ донесе номинација за оскар. Претходно, ќе ја одбие понудата за улогата во „Челичната Магнолија“, за да биде дел од филмот „Хари ја запозна Сали“, улога која на Робертс ќе ѝ донесе уште една номинација за „Оскар“, за најдобра женска улога. 

24. Хонорарот на Робертс за овој филм изнесува 300.000 долари од ден.

25. Робертс, Гир и Маршал ќе се обединат повторно за снимањето на уште една романтична комедија „Невестата бегалка“, филм кој на Робертс ќе ѝ донесе 17 милиони долари заработувачка, а на Гир 12 милиони. На Ричард му се допаднало сценариото, но на студиото им дал услов: „Ако успеете да ја убедите Џулија Робертс, тогаш јас сум ЗА“. Таа прифатила, а тогаш тие двајца пак, го убедиле Маршал да се приклучи и да го режира филмот.

26. Бездомникот кој Едвард го прашува за насоки, каде да се движи, е токму режисерот Гери Маршал.

27. Последните реплики од филмот се дело на Лаура Зискин (She saves him right back).

28. Режисерот и целиот тим се договориле уште при снимањето на филмот дека доколку доживее успех, нема да снимаат втор дел. Исклучок би било доколку секој до членовите на тимот изрази таква желба.

29. Во август 2018 година, се случи премиерата на „Убава жена: Мјузикл“ на Бродвеј. На истиот се работело четири години. Едвард ќе го толкува Стив Кази, додека Саманта Баркс ќе биде Вивијан.

30. Убава жена" е четвртиот филм со најголема заработувачка во историјата на Америка. Со преку 178.4 милиони долари, овој филм се наоѓа веднаш зад „Мојата голема дебела грчка свадба", „Што сакаат жените" и „Хич". Кога се романтичните комедии од 1990 –тите во прашање, сè уште е најплатена. Веднаш зад неа е „Нешто во врска со Мери" (176.4 милиони долари).

 

Целиот филм:

 

Објавено:
25 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
8.713 пати