50 издание на „Златно славејче“ ќе се одржи на 17 октомври

4 октомври 2021

Педесеттото издание на фестивалот за детска песна „Златно славејче“ годинава ќе се одржи на 17 октомври, во спортскиот центар „Борис Трајковски“.

Како велат организаторите, бројот на посетители ќе биде ограничен (30% од капацитето на салата), но ветуваат добра забава со најновите хитови од фестивалот.

„Се потрудивме за безбедно другарување според сите услови и протоколи кои ни се на располагање.За присуството на фестивалот важат одредбите на Владата за посета на јавни настани во затворени простории.Билетите се во ограничен број по цена од 200 денари, истите може да ги набавите преку сајтот и продажната мрежа на www.mktickets.mк. Ние сме повеќе од подготвени и расположени за да ги отпееме најновите 15 хитови Побрзајте и навреме набавете го Вашиот билет“, велат организаторите.

Ние пак, ве потсетуваме (со клик на линкот) на текстот „Златно славејче" е синоним за квалитет, детската радост, талент и искреност, што го направивме по повод јубилејот.

 

Објавено:
4 октомври 2021
Категорија: 
Култура
Прочитано:
86 пати