7 карактеристики што ги поседува секоја реализирана жена

13 јуни 2019

Рускиот психолог Михаил Лабковски честопати во своите трудови и излагања зборувал за личната самодоверба и среќа. Овој пат ние фокусот го ставаме на реализираните жени..

Тој вели дека во секоја реализирана жена се испреплетуваат седум карактеристики, а во продолжение прочитајте и кои:

1. Независна е во секоја смисла на зборот 

-А пред сè финансиски. Овие жени најчесто од раната младост размислуваат како и каде ќе заработуваат за живот. Тие одлучуваат рано да го напуштат родителскиот дом, не стравуваат да заминат во друг град или држава за да се образуваат, развиваат, надградуваат. Токму таквите до 25 години од животот имаат јасен план како да се одвива нивната кариера, а некои пак веќе имаат и значајно работно искуство зад нив. Нивното дејствување не запира само на планирање и пронаоѓање на објаснување зошто нешто не им оди од рака - тие работат на својата иднина!

 

2.Од мали нозе научила да се потпре само на себе

Таа не смета дека било кој ѝ должи нешто или дека ѝ е загарантиран прекрасен живот, дури и ако мама и тато биле одлични родители, а детството прекрасно. Таа се потпира на својот труд, можности и способности.

 

3.Не бара помош

Можеби и ќе ја побара, но сосема на крајот, откако ќе се обиде со сè што може сама - ја анализирала ситуацијата, се обидела неколку пати сама да дојде до решение и кога конечно се уверила дека не може сама да го реши проблемот и да дојде до решението и кога конечно ќе се увери дека не може сама да го реши проблемот, одлучува да побара некој кој би ѝ помогнал. И има право на тоа. Интересно е дека оваа карактеристика се забележува уште во училишните денови. Девојче, соочено со задача што изгледа нерешливо, седи над книгата цел ден и дури вечерта им се обраќа на мама или тато со молба да ѝ помогнат. Оние другите пак, при првата потешкотија молат да им се помогне, односно некој друг да го преземе проблемот на себе. 

 

4.Не прави компромиси

Остварената жена не се плаши од неуспех, не стравува дека нема да може да се справи со нешто. Не ѝ е потребно одобрувањето од другите. Ги напушта активностите кои не ја исполнуваат, во тинејџерското доба сама одлучува што ќе биде кога ќе порасне, во кое училиште ќе се запише. Не се гледа со момче кое не ја почитува. Спротивно на гласините од завидливите луѓе, добива работа, сопруг и живот каков посакува. Зазема став за евентуален проблем на работното место и доколку ништо не се смени, ќе преминат на друго работно место, во друг сектор или во друга компанија.

 

5.Никогаш и со никого не се споредува

Таа не се мери со пријателките, ниту со роднините, колегите според своите достигнувања, финансии или општествен статус. Свесна е дека секогаш ќе се најде некоја помлада, позгодна, побогата, поуспешна жена од неа. Таа се споредува со самата себе, со тоа каква била вчера или минатата година и ги оценува само своите достигнувања во тој период.

 

6.Задоволна е со својот изглед

Не сака да го оперира носот или да ги зголемува усните и градите, не е постојано на диета и без грижа јаде торта. Се негува, води сметка за својот изглед, не се жали дека не е доволно убава. Се грижи за својата внатрешност и се цени.

 

7.Не прифаќа нееднаквост

Начелото дека мажот е тој што го храни семејството, за неа е сосема незамисливо. Со неа можете да комуницирате само рамноправна основа. Не е важно кој е побогат, авторитативен или зазема повисока позиција. Таа никогаш нема да си дозволи да биде непристојна кон некој, но во исто време, нема да толерира ничие непочитување.

 

Објавено:
13 јуни 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
7.560 пати