Ацо Јовановски замина во легендите

19 март 2016

Синоќа во Скопје на 85-годишна возраст почина актерот Ацо Јовановски, бардот на македонската театарска сцена, кој целиот свој работен век го помина во Драмскиот театар во Скопје.

Ацо Јовановски е роден на 31 декември 1930 во Скопје. Припаѓа на првата генерација на дипломирани актери, а во текот на неговата богата кариера работеше во театар, на филм и телевизија.

Филмската кариера ја започнува со улогата во првиот македонски филм „Фросина" во 1952 година, а има одиграно околу 40 филмски улоги.

Ацо Јовановски е единствениот македонски актер, кој заедно со Петре Прличко ја има добиено наградата „Славица".

 

Објавено:
19 март 2016
Категорија: 
Култура
Прочитано:
820 пати