Ако минатата година, Airbnb нудеше ноќевање и мини одмор на Кинескиот ѕид, оваа година нивната понуда е уште поневеројатна и попривлечна.
Инаку, познатата платформа на своите корисници им нуди ноќевање во музејот Лувр каде е вклучен и концерт и личен туристички водич.
Познатата платформа дизајнираше посебна соба во стаклената пирамида во која ќе може да уживаат двајцата што ќе бидат избрани на нивниот натпревар.
Оваа кампања е дел од организацијата за прослава на 30 – тиот роденден на стаклената пирамида, а ќе има и уште многу други интересни изненадувања.
Сè што треба да направите за да станете дел до натпреварот и потенцијален добитник на ноќевање во Лувр, е да кликнете на следниов линк, да се регистрирате на нивната страна и да одговорите на неколку прашања.
Доколку вие бидете среќниот добитник, ќе имате ексклузивна можност со личен туристички водич да ги прошетате и најмистичните делови од музејот, да спиете под ѕвездите во стаклената пирамида, да имате француски појадок во центарот на Париз, но и да се напиете по еден пијалок со Мона Лиза.
Побрзајте, натпреварот трае до 12 – ти април.
инфо: Modamo.info