Акција на издавачки центар ТРИ: Нема поубаво гушкање од она со - добра книга

16 ноември 2020

Во време на социјално дистанцирање и препораки за седење дома, нема поубаво гушкање од она со – добра книга.

Издавачкиот центар ТРИ подготви неделна акција за стоплување на душата, со наслови кои не само што ќе ве одморат туку и ќе ви го згреат срцето и ќе ви подарат нови светови за откривање.

Уживајте во насловите на Елиф Шафак, Пауло Коелјо, Винка Саздова, Ана Јовковска и многу други наши автори и дајте си себеси момент на мир.

Гушни се со добра книга со попусти до 40 % од денес сѐ до 22 ноември! Акцијата важи во Книжарниците ТРИ и онлајн на www.kniga.mk.

Целосната понуда можете да ја погледнете тука.

Објавено:
16 ноември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
118 пати