Ако одите еднаш годишно на одмор, одете во Португалија!

12 јули 2018

Ако сте од оние кои сакаат да заминат на еден, но квалитетен и исполнет годишен одмор, тогаш ние денеска ја имаме вистинската дестинација за вас.

Станува збор за една прекрасна земја која се чини полека, но сигурно станува една од најпосакуваните дестинации во светот, кои навистина имаат што да понудат.

Оние кои имале можност да ја посетат Португалија, со сигурност сакаат повторно да се вратат, благодарение на неверојатните убавини кои ги нуди оваа фасцинантна земја.

Доколку малку се потрудите, можете да пронајдете авионски карти и сместување со солидни цени и да уживате во културата, храната, плажите и природата на Португалија.

-Прошетката започнете ја во Лисабон

Овој град е познат како град на креативците, уметниците и постојаната акција. Сместен покрај Атлантскиот океан, истиот е спој на современиот луксуз и древната култура со која изобилува. Низ улиците ќе најдете прекрасни винтиџ продавници, ќе можете да се возите со еден од најстарите трамваи, да јадете прекрасна храна и што уште не. Дворецот San Jorge е неверојатно место за уживање и поглед кон градот, а задолжително посетете ја и познатата слаткарница Pasteis de Belem и пробајте го најпознатиот десерт што го освои Инстаграм, Pasteis de Nata.

-Посетете го градот Евора

Град полн со неверојатно зачувани римски храмови и фасцинантни градби како капелата изградена од коски. Таму ќе погледнете некои од најубавите традиционални португалски куќи и да јадете неверојатна храна која таму важи за нешто свето.

-Не го заборавајте и Алгарве

Неверојатно место каде ќе најдете некои од најубавите плажи на кои може да уживате до бескрај. Дури и во екот на сезоната, таму нема метеж, па слободно можете да уживате во мирот и спокојството. Таму задолжително посетете го ресторанот Estamine каде ќе пробате некои од највкусните морски јадења на светот.

Извор: Fashion.hr

Објавено:
12 јули 2018
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.469 пати