Ако пропуштивте некоја претстава од „Театар Комедија“, одете на „Јутјуб“

21 април 2020

Изминатиов период, „Театар Комедија“ ги почести обожавателите на драмската уметност и комедијата со претстави кои ги емитуваше на својот „Јутјуб“ канал.

Претставите беа прикажувани во одредено време.

Сега, од „Театар комедија“ известуваат дека, доколку сте пропуштиле некоја од претставите што течеа онлајн, или пак, некоја ви се гледа повторно, сега можете тоа да го сторите.

Од денес, на нивниот „Јутјуб“ канал, тие ќе бидат постојано достапни. „Ах, љубов моја“, „За секого има по една“, „Хамлет во пикантен сос“, „Име“, „Сон на летната ноќ“, „Многу врева за ништо“, и „Случајот Хармс“ се достапните претстави, а кликнете на линкот - „Театар Комедија - Јутјуб“ за да си ја одберете омилената.

 

Објавено:
21 април 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
319 пати