Ако сакате мода и уметност овој хотел во Милано е токму за вас

22 февруари 2023

Милано е познат како престолнина на модата и дизајнот во Италија.

Таму има многу историски и културни споменици, шопинг центри и хотели, разно разни туристички понуди кои што нема да ве остават рамнодушни.

Денешното место на кое што сакаме да ставиме акцент е луксузниот хотел Galleria Vittorio Emanuele II, сместен во самото срце на Милано, кој што истовремено е и одлична шопинг дестинација.

Таму се спојуваат уметноста, убавината и дизајнот, а 89-те уникатно дизајнирани соби и апартмани го одразуваат богатото културно наследство на градот.

Посебено се истакнува уметноста од минатото, но и од сегашноста, сè со цел да се создаде единствено искуство за оние што престојуваат во хотелот.

Секоја соба е сама по себе уникатна и буквално не постојат две исти соби. Апартманите се разликуваат по начинот на уредување, по погледот, уметничките слики во нив и слично.

Внатрешноста на хотелот е украсена со рачно насликани мурали и фрески и надополнета со современи, средновековни и антички парчиња мебел.

И секако тука е и познатиот шопинг центар Galleria, каде можат да се најдат некои од најдобрите дизајнерски парчиња.

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by T (@titouanhoang)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Andrea Vetrano (@andreavetrano)

 
 
 
View this post on Instagram

A post shared by Andrea Vetrano (@andreavetrano)

Објавено:
22 февруари 2023
Категорија: 
Култура
Прочитано:
126 пати
Тагови: 
Милано