Ако сте љубител на минимализмот, ќе ви се допаднат овие идеи за празнично украсување на домот

17 декември 2020

Доколку преферирате смирен, едноставен, прочистен и симплифициран декор во домот за време на празниците, тогаш веројатно ви е блиска минмалистичката естетика.

Во тој случај, доколку сè уште размислувате како да го украсите домот, а притоа сакате да избегнете премногу колорит и преоптеретување на просторот со детали, ние побаравме неколку корисни идеи на Пинтерест кои ќе ви помогнат да ја разбранувате фантазијата и да си создадете совршен празничен амбиент во минималистички стил.

Во овој контекст, може многу да ви помогне скандинавскиот поглед на празнчно декорирање, што вклучува топли бои, природни материјали, без претерување со деталите и удобни и пријатни ткаенини, а сето тоа заокружено со дискретно осветлување.

 

Земајќи ги предвид овие детали, ги најдовме совршените идеи на Пинтерест за вас што ќе бидат почетен тригер во која насока да се движите при празничното украсување на вашиот дом.

 

Перничиња во беж тонови, плетени ќебенца, сијалички, природни зелени гранчиња, дрвени декоративни елементи, садови за вкусни колачиња, чаршафи со снежни мотиви, лампиони во суптилни тонови, може да ви помогнат во остварување на идејата за перфектен празничен декор.

 Фото: Пинтерест

Објавено:
17 декември 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
826 пати