Ал Пачино и Роберт Де Ниро заедно на насловна на GQ – 50 години прекрасно пријателство

28 декември 2019

Помеѓу „The Godfather" и „The Irishman" е сместено пет децениско пријателство какво што ретко бидува во Холивуд.

Легендите на својата генерација, Ал Пачино и Роберт Де Ниро по тој повод имаат заедничко интервју и насловна за магазинот GQ.

Во разговорот двајцата ветерани зборуваат за првите импресии кога се запознале пред 50 години...
„Го видов овој тип и си реков: Уау каква харизма! А тој буквално не правеше ништо. Но, зрачеше со некоја енергија, чувствувате нешто за него", вели Ал Пачино за првиот момент кога го запознал Де Ниро.

Се пристеуваат на бројните филмови и сцени во кои играле заедно, а навстина се многу и во континуитет пет децении, од епскиот „The Godfather" до новиот на Скорсезе „The Irishman".

Вечни фраери...

Целото интервју може да го причитате тука.

 

Објавено:
28 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
959 пати