Алиша Силверстон гола за ПЕТА

30 ноември 2016

Кога станува збор за Алиша Силверстон и нејзината одлука да се фотографира сосема гола таа тоа го прави само за ПЕТА.


40 годишната актерка жестоко се бори за правата на животните. Прв пат тоа го направи 2008-та година, а сега го направи се со цел да прати порака како протест да не се купуваат волнени производи.

Во видеото #WoolFreeWinter вели: Јас нема никогаш повеќе да купувам волна.
Таа објаснува дека за време на шишањето на овците тие ги повредуваат, ги тепаат, удираат за време на процесот. Тоа мачење на животните таа вели дека не смее да се толерира. Некои можеби ќе кажат дека не се убиваат овците, но со самото мачење животните трпат болка и сериозни повреди.


Никој не се грижи за тој факт ниту се обрнува внимание, само им е важно да се продолжи понатаму со следното животно.
Ги третираат како предмети и постапуваат со нив маченички. Кога веќе се бескорисни, овците ги убиваат.


Во 2014 година Силверстон се спротистави на брендовите Луј Витон и Марк Џејкобс обвинувајќи ги за невидена суровост кон животните со самото тоа што ги употребуваат сите овие материјали.

 

Објавено:
30 ноември 2016
Категорија: 
Актуел
Прочитано:
209 пати