All I Want For Christmas Is You е избрана за најиритирачка песна!

3 декември 2019

Според најновото истражување спроведено во Британија, хитот на кој Мараја Кери заработе милиони, „All I Want For Christmas is You“ е најиритирачката празнична песна некогаш направена.

И додека кај Американците сè уште котира во врвот, на Британците им се здосади да го слушаат.

Освен хитот на Мараја, меѓу првите десет е и „Last Christmas“ на „Wham!“.

Погледнете ја целосната листа:

"All I Want for Christmas Is You" – Mariah Carey
"Do They Know It's Christmas?" – Band Aid
"I Wish It Could Be Christmas Everyday" – Wizzard
"Merry Xmas Everybody" – Slade
"Last Christmas" – Wham!
"Fairytale of New York" – The Pogues and Kirsty MacColl
"Baby It's Cold Outside" – Tom Jones & Cerys Matthews
"Santa Claus is Coming to Town" – Jackson 5
"Santa Baby" – Eartha Kitt
"Jingle Bells" – Andrews Sisters

Но, каква е приказната зад песната која реално за празниците ниту една друга не може да ја победи, без разлика дали ви се допаѓа или не. Во продолжение ви пренесуваме 10 работи што не сте ги знаеле за големиот хит:

1. Мараја Кери е ко-автор на песната и ја напишала за 15 минути, а во соработка со композиторот Валтер Афанасиеф. Тој во една пригода ќе изјави дека тајната на успехот на оваа песна е во брзината со која ја напишале. „Успешна е затоа што е толку едноставна. Тоа беше една од наједноставните песни што сме ги направиле. Нема многу менување на акроди. Сакав да ја направам поуникатна, па вметнав некои посебни акорди што всушност и не се слушаат многу, што ја прави уникатна и специјална. За недела, две, Мараја ми се јави, со предлог за текстот, кој совршено се совпадна. Во 1994 година отидовме заедно во Њујорк и почнавме со снимање. Тогаш првпат ја слушнавме Мараја како ја пее. Останатото е историја.

2. Мараја не сакала да ја сними. Ниту оваа, ниту било која друга празнична, а уште помалку да прави албум. Во 1994 година, божиќните албуми се врзуваа за повозрасни изведувачки. Нејзиниот тогашен сопруг, продуцентот Томи Мотола, се сеќава дека кога Мараја ја видела насловната на албумот воопшто не била задоволна, дури и му се налутила.

3. Дедо Мразот од видеото кој ѝ носи подарок на Мараја, е всушност нејзиниот сопруг, Томи Мотола.

4. Постои уште една песна со ист наслов. Пред Мараја, Vince Vance&Vailants' во 1989 година ја објавија песната „All I Want For Christmas Is You", но хитот на Кери е сосема уникатен и нема никаква врска со споменатата кантри песна.

5. Песната е снимена во лето, поточно во август месец.

„За да го доловиме празничниот дух, во студиото донесовме елки, сијалички, сè што е потребно. Едно време размислувавме да донесеме и снег, но не го направивме тоа, за среќа", вели Афанасиеф.

6. Ова е една од најпопуларните и најпрофатибилните песни. Продадени се преку 14 милиони копии, а воедно песната е прогласена за една од 10-те најдобро продавани синглови на сите времиња. Во 2013 година се појави информација дека песната на Мараја ѝ донела 50 милиони долари, само од авторски права. А со оглед дека секоја година е исто популарна, близнаците на Мараја нема за што да се грижат до крајот на животот, па дури мајка им ништо друго и да не прави во животот.

7. Ако сте фан на песната, тогаш морате да го решите квизот, кој ќе го најдете на линкот ТУКА.

8. Песната не е снимена со бенд. Афансиеф речиси целата песна ја снимил благодарение на компјутер. Единствениот реален звук, односно снимен во живо е гласот на Мараја и пратечките вокали, кои исто така ги пее таа.

9. Постојат три видеа за All I Want For Christmas Is You. Освен тоа, пејачката создаде и истоимена книга за деца, како и анимиран филм.

10. Речиси сите ја имаат препеано. Шанаја Твен, Џон Мајер, Деми Ловато се само дел од ѕвездите што одлучија да направат нивна „кавер" верзија на хитот.

 

 

Објавено:
3 декември 2019
Категорија: 
Култура
Прочитано:
309 пати