Американците украсуваат со новогодишни сијалички за да си го подобрат расположението во изолација

19 март 2020

Светот е во изолација, сега е време кога сме свртени кон домот и семејството, грижејќи се воедно и за своето здравје. 

 Додека низ Интернет просторот се појавуваат разни идеи за тоа како креативно и корисно да го искористите времето во изолација, нам вниманието ни го привлече една вест - Новогодишни сијалички во пролет.

Е зад овој наслов се крие иницијатива која се појавила на Твитер, со која луѓето, најчесто Американци, ги украсуваат своите домови со новогодишни светулки, за да си го подобрат расположението.

„Мојот најмлад син се досадуваше дома и одеднаш му текна идеја: „Може ли да ги ставиме новогодишните сијалички на дрвото во дворот за да нè расположат?“. Одлична идеја. Сијаличките ќе светат и ноќеска, како знак на надеж и нежната мисла на мојот 10-годишен син“, напиша една корисничка на Твитер.

 Ова изгледа им се допадна на повеќемина, па после тоа следеа низа фотографии и од други домови.

„Доаѓаат мрачни времиња, но сè уште можеме да му пратиме љубов и осветлување на светот“, „Некој спомена враќање на новогодишните сијалички со цел да се расположат луѓето во карантин, изолација, или едноставно за да се потсети светот дека сè уште има светлина и надеж. Еве го и мојот придонес“, се само дел од објавите проследени со фотографии.

Што мислите вие за оваа идеја?

Објавено:
19 март 2020
Категорија: 
Култура
Прочитано:
1.525 пати